fbpx

Граѓани маршираа и ја повикаа Владата да си поднесе колективна оставка

-

Повеќе стотици граѓани и активисти на граѓанското здружение „Протестирам“ и денеска во 18 часот излегоа на мирни протести, на кои повторно побараа колективна оставка на Владата на чело со премиерот Никола Груевски.

Денешниот протест, кој почна во редовниот термин, во 18 часот, од раскрсницата кај зградата на Владата, продолжи со марш на демонстрантите до Основниот суд Скопје 1, од каде граѓаните и активистите продолжија до Собранието.

Со испишани транспаренти со пораки и со барање оставка на Владата и со налепници на облеката со хаштагот „Протестирам“, демонстрантите повторно истакнаа дека тоа што не им се дозволува да протестираат пред Владата е неуставно.

– Она што почна на 5 мај дава плод. Тоа нас нè охрабри помасовно и погласно од кога било да се собереме и да ги повториме нашите барања. Прво оставка, не само индивидуална, туку и колективна затоа што оваа Влада на чело со Груевски мора да поднесе правна одговорност, а не само политичка. Второ, бараме да се ослободат тие што беа уапсени на протестите. Оваа Влада и нејзините методи на владеење треба да си одат еднаш засекогаш – рече пред присутните активистот Атанас Вангели.

Пред Основниот суд граѓаните и активистите побараа ослободување од притвор на уапсените од претходните протести, извикувајќи „Пуштете ги децата“ и „Слобода“.

Од Основниот суд, демонстрантите со транспарентот на кој беше испишано „Збогум Никола“, кој го носеа додека маршираа низ улиците, протестот го завршија пред зградата на Собранието, каде фатени за раце кренати нагоре порачаа „Заедно сме посилни“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсена црногорската директорка на Агенција за спречување корупција

Јелена Перовиќ, директорката на Агенција за спречување корупција на Црна Гора била уапсена вчера, соопштија црногорските медиуми. Како што се наведува, перовиќ е уапсена под сомнение дека ја злоупотребила службената...