fbpx
Таг: Претседател

таг: Претседател

Продолжува бранот оставки во Бугарија по парламентарните избори

Претседателката на БСП, Корнелија Нинова, денеска поднесе оставка на функцијата поради катастрофалните резултати на парламентарните избори во неделата, јави „Медиапул“. Оставката на Нинова дојде еден ден по оставките на други лидери на бугарски политички партии што поминаа лошо на изборите. Претседателот на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов, поднесе оставка вчера, заедно со неговите заменици – европратеникот Ангел Џамбаски, потоа Искрен Веселинов, Атанас...

Претседателот Пендаровски дводневната посета на Грција ја почна со средба со грчката колешка Сакеларопулу

Својата дводневна посета на Грција претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски ја зпочна претпладнево, со положување венец пред Споменикот на незнајниот војник на платото пред грчкиот парламент. Тој потоа пред Претседателската палата во Атина, на официјална церемонија со државни и воени почести, беше пречекан од претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу. Засега нема подетални информации што разговарале двајцата претседатели на нивната средба. Подоцна...

Вистиномер: Не е вистина дека се убиени тројца претседатели зашто се спротивставиле на вакцинацијата

Двајца од тројцата претседатели споменати во постот се починати во болница од срцев удар (на Танзанија и Бурунди), а еден е застрелан и убиството не се поврзува ниту со коронавирусот, ниту со вакцинацијата (на Хаити). Така што, тврдењето дека некој ги убил сите тројца за да може во овие земји да се даваат вакцини, го оценуваме како невистина, пишува...

Претседателот Пендаровски се обрати на 20.состанок на организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“

Одржувањето на перспективата за членство во Европската Унија е клучниот двигател за реформите, не само во нашата држава, туку и во земјите од Западен Балкан, додека самото членство - клучно за обезбедување долгорочна стабилност, мир и просперитет во регионот. Ова го посочи претседателот Стево Пендаровски во Њујорк на 20.состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“. Состанокот...

Совет за безбедност: Владата да предложи мерки за системот за управување со кризи да биде пофункционален

Лицата од Авганистан прифатени на нашата територија и поставеноста на системот за управување со кризи, беа точките на дневен ред за кои се дискутираше денеска во Кабинетот на претседателот на 13. седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија. „Република Северна Македонија, како членка на НАТО, покажа подготвеност и ги понуди своите капацитети за прифаќање на лицата од Авганистан....

Пендаровски од Тетово: Се истражуваат сите сомневања, мора да се почекаат наодите на истрагата

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Тетово ја посети опожарената модуларна болница наменета за лекување на ковид-19 пациенти, каде во синоќешниот пожар загинаа 14 лица. Тој рече дека за отприлика пет дена ќе се дознае вистината за оваа трагедија. „Дојдов да изразам солидарност со граѓаните на Тетово и најмногу со оние кои ги изгубија своите најблиски и да поразговарам на лице место...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на Украина

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска на Плоштадот на независноста во Киев присуствуваше на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина. На настанот, на којшто се обрати претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се одржаа церемонии на подигнување на украинското знаме и доделување признанија, како и празнична парада на вооружените сили на Украина. Во палатата Маријински, претседателот Пендаровски...

Напорите на претседателот Радев за формирање нова влада на Бугарија досега без резултат

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска организираше втор круг консултации со политичките партии застапени во парламентот на Бугарија, во обид да се формира нова редовна влада, јавија бугарските медиуми. Во моментов со Бугарија управува техничка влада што Радев ја формираше по избориет во април годинава, кога ниту една партија не успеа да формира влада. Потоа беа закажани уште едни, вонредни,...

Илинден – Денот на Републиката се одбележа со церемонии во Скопје, Пелинце, Смилево и Крушево

Почнувајќи од Скопје, преку Пелинце и Смилево, до Крушево - центарот на Илинденското востание, денеска во земјава се одбележуваа двата јубилеја - 118 години од Крушевската република (1903 година ) и 77 години од Првото заседание на АСНОМ (1944 година) - како двата клучни настани за воспоставувањето на македонската државност.   Џафери говореше пред Собранието Програмата во Скопје, во организација на Собранието...

Лука Павиќевиќ е нов претседател на Сојузот на средношколци

На Вториот конгрес на Сојузот на средношколци што се одржа викендов, Лука Павиќевиќ е избран за нов претседател на Сојузот на средношколци со освоени 69 отсто од сите претставници што учествуваа на физичкото и онлајн гласање. Противкандидатот Емира Хусовиќ на гласањето освои 31 отсто од гласовите. Како избран претседател на Сојузот на средношколци, Павиќевиќ должноста ќе ја преземе на...

Вјоса Османи избрана за претседателка на Косово во наредите пет години

Со 71 гласа „за“ и 11 неважечки гласачки ливчиња, Косовскиот парламент вчера ја избра Вјоса Османи за претседател на Косово во наредните пет години. Триесет и осумгодишната поранешна спикерка на парламентот беше израна за претседател во третиот круг на гласање на кое присуствуваа 82 пратеници. Противкандидат на Османи беше Насуф Бејта, кој исто така е од редовите на „Самоопределување“, но...

Армијата ќе продолжи заедно со граничната полиција да ја обезбедува северната и јужната граница

ЖПретседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата на Северна Македонија, која заедно со граничната полиција, ќе го врши обезбедувањето на јужната и северната граница на земјава, информираат од претседателскиот кабинет. Од Кабинетот на Претседателот на РСМ образложуваат дека одлуката е донесена врз основа на Одлуката на Владата за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република...

Пендаровски нареди Армијата да се повлече од границите – Собранието не донесе одлука за продолжување на кризната состојба

Имајќи предвид дека кризната состојба прогласена на јужната и северната граница прогласена во врска со мигрантската криза заврши на полноќ, а Собранието не донесе одлука за нејзино продолжување, престана да постои правниот основ за досегашниот ангажман на Армијата во обезбедувањето на државната граница, информираат од Кабинетот на претседателот. Поради тоа, претседателот Стево Пендаровски му наредил на началникот на Генералштабот, генерал-потполковник...

Преписка меѓу претседателот и министерот за здравство: Филипче изненаден, Пендаровски крајно зачуден

Министерот за здравство Венко Филипче е изненаден од изјавата на Стево Пендаровски дека вакцинирањето во Србија е срам за нашата држава, вели изостанала поддршката од претседателот во набавката на вакцини. Пендаровски, пак, одговори дека е крајно зачуден што министерот не го спомнал фактот дека претседателот ги направил првичните контакти со најголемите фармацевтски компании кон крајот на декември минатата година. Изненаден...

Пендаровски: Срам за нашата држава беа сликите кои ги гледавме минатиот викенд во Србија

По одржувањето на 12-тата седница на Советот за безбедност на која присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, Претседателот на РСМ Стево Пендаровски во изјавата после седницата рече дека државата не смее да дозволи ниту еден наш граѓанин да не биде примен на болничко лекување, ниту пак да се повторат сликите од изминатиот викенд кога граѓаните масовно се упатуваа...

Вистиномер: Претседателот на Танзанија не бил убиен, туку починал во болница од здравствени причини

Потпретседателката на Танзанија, Самија Сулуху, причината за смртта на шеесет и едногодишниот претседател Џон Магуфули не ја лоцира во никакво убиство, туку посочи дека имал здравствени проблеми, односно срцево заболување. „Википедија“, повикувајќи се на изјава од потпретседателката Сулуху, пишува дека  претседателот имал коморбидитети повеќе од 10 години, а, исто така, наведува дека постоеле шпекулации во најмалку два наврата дека...

Претседателката на Врховен, Адеми во интервју за Порталб: Ќе бидат казнети судиите кои подлегнале на криминалот и политиката

Судијката Беса Адеми, денеска и официјално беше именувана за претседателка на Врховниот суд, откако даде заклетва пред членовите на Судскиот совет. Порталб.мк реализираше ексклузивно интервју со судијката Адеми, првата Албанка која ќе седне на фотелјата на највисокиот суд на Северна Македонија. Во првото интервју за медиумите, откако беше именувана за претседателка на Врховен, Адеми вели дека нејзин најголем предизвик ќе ѝ биде враќањето на довербата на граѓаните во судскиот систем,...

Порталб: Утре ќе се бира претседател на Врховен суд помеѓу Адеми, Неделкова и Саити

Судскиот совет на Северна Македонија, утре во 10 часот ќе одржи седница на која ќе биде избран претседател на Врховниот Суд, известува Порталб.мк. Кандидати за местото претседател на Врховен се врховните судии Беса Адеми, Лидија Неделкова и Џемали Саити. Од тројцата кандидати, помалку позната за јавноста е Беса Адеми. Од Апелациониот во Врховен дојде пред 16 години. И претходно, во...

Статистика организира средба на градоначалниците за пописот – во Собранието повикан државниот врв

Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека утре со почеток од 12 часот, во Собранието на Република Северна Македонија, организира работна средба на која се поканети сите градоначалници на општините во нашата држава. Средбата се организира со цел информирање и координација со локалната самоуправа со цел непречено организирање на пописот, а на неа ќе присуствуваат и претседателот Стево Пендаровски, премиерот...

Џо Бајден е новиот претседател на САД: Америка беше тестирана и излеговме посилни

Новиот претседател на САД, Џо Бајден денеска стапи на функцијата, откако го одржа својот говор на полагањето заклетва. Тој порача дека Америка ќе ги обнови сојузништвата и ќе биде пример за сите. Главната порака на церемонијата на положување заклетва беше за обединување на земјата. „Знам дека силите кои нè разделуваат се силни и се реални. Но исто така знам дека...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...