вторник, 9 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Претседател | 574 резултати

Втор круг од претседателските избори во Хрватска

јануари 11, 2015

Граѓаните на Хрватска денеска во вториот круг од претседателските избори ќе треба да решат меѓу актуелниот претседател Иво Јосиповиќ и Колинда Грабар-Китаровиќ, кандидатката на конзервативната Храватска демократска заедница (ХДЗ). Во првиот круг од изборите, кој се одржа на 28 декември, Јосиповиќ освои 38,46 отсто од гласовите, додека поранешната министерка за надворешни работи Грабар-Китаровиќ доби 37,22 […]

„Професорски пленум“: Претседателе, застанете до вашите колеги и до студентите

јануари 8, 2015

„Професорски пленум“, преку соопштение, извести дека е отворена петиција за собирање потписи што ќе му бидат испратени на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за да стави вето на Законот за високото образование. Преку петицијата, професорите се надеваат дека ќе го натераат шефот на државата да застане на страната на колегите професори, но и студентите. „Професорски пленум“ денеска […]

„Нешнел џиографик“ сака да ја емитува реконструкцијата на падот на „кингерот“ на Трајковски

јануари 7, 2015

Телевизискиот канал „Нешнел џиографик“ (National Geographic), кој од неодамна престана да се емитува во Македонија, е заинтересиран да направи телевизиска реконструкција на падот на авионот со кој загинаа претседателот Борис Трајковски и неговите соработници во близина на Мостар, изјави главниот истражител на Комисијата што го истражуваше падот на авионот, Омер Кулиќ, кој во вторникот во Сараево го […]

ВИДЕО: „Еј“ е последниот збор на пилотот на „кингерот“ на Трајковски

јануари 7, 2015

Босанските медиуми објавија видеоснимка од симулацијата на последните минути на летот кон Мостар во кој загина претседателот Трајковски со неговите соработници. На снимката е оргиналната комуникација на екипажот со контролата на летање на аеродромот во Мостар.

Хрватите денеска гласаат за претседател

декември 28, 2014

Досегашниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ, поранешната министерка за надворешни работи, Колина Грабар-Китаровиќ, 24-годишен милитант Иван Вилибор Синчиќ и Милан Кујунџиќ се кандидатите за претседател за кои Хрватите денеска ќе гласаат. Според последните анкети, објавени во хрватскиот печат, фаворит е Грабар-Китаровиќ, а веднаш зад неа е досегашниот претседател Јосиповиќ. Во вакви услови Хрватите имаат проблем да […]

Седум системски грешки виновни за падот на „кингерот“

декември 27, 2014

Седум системски грешки на пилотите придонеле за несреќата во која загинаа претседтелот Борис Трајковски и неговиот тим, соопшти денеска на прес-конференција Омер Кулиќ, претседтел на тимот за испитување на несреќата. Авионот се спуштил под минимално дозволена висина, временските услови биле неповолни, а пилотите не ја почитувале стандардната процедура, да слетаат на друг аеродром. Тие решиле […]

Истражувачки тим: СФОР намерно ја криеле локацијата на падот на „кингерот“

декември 27, 2014

Денеска, на прес-конференција, претставник на експертскиот тим што го истражуваше падот на авионот во кој загинаа претседателот Борис Трајковски и неговиот тим, детално ги презентираше резултатите од двегодишната работа на случајот и, како дел од заклучоците, наведе дека авионот бил најден 25 часа по падот. – Авионот е пронајден многу порано. Докажано е дека авионот не […]

Хрватите утре ќе гласаат за претседател

декември 27, 2014

Хрватите утре излегуваат на избори во првиот круг на претседателски избори, а според истражувањето што го направила независната агенција „Набљудувач“, во трката за лидер на најмладата членка на ЕУ, и покрај неодамнешните оптимистички предвидувања, актуелниот претседател Иво Јоспиовиќ ќе претрпи пораз. Неговото место во наредните пет години, според аналзиите на „Набљудувач“, ќе го заземе противкандидатката, претставничката […]

МРТ од Иванов доби „Орден за заслуги за Македонија“

декември 26, 2014

По повод 70-годишнината од основањето на Македонското радио и 50-годишнината од основањето на Македонската телевизија, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ја одликува Македонската радио-телевизија со „Орден за заслуги за Македонија“. Орденот за заслуги МРТ го доби за исклучителните резултати во негувањето, презентирањето и промовирањето на духовните вредности и културното творештво на Република Македонија […]

Средба Ципрас – Кувелис в понеделник

декември 24, 2014

СИРИЗА и Демократска левица полека почнуваат со договорите и со преговорите за соработка во случај на предвремени избори. Првиот човек на СИРИЗА, Алексис Ципрас, вчера веќе разговарал со Фотис Кувелис околу програмата и ставовите на двете партии. Потпаролот на СИРИЗА, Панос Скуртлетос, објави дека двајцата лидери ќе ја имаат првата средба на 29 декември, по […]

Димас: Ако Златна зора гласа за мене ќе се откажам

декември 24, 2014

Поддршката за Ставрос Димас од двајца поранешни членови на Златна зора покрена коментари за неонацистичка поддршка на владиниот кандидат. Истовремено се појавија и шпекулации во грчките медиуми дека неонацистичката партија можно е да направи пресврт и да гласа за Димас за да ѝ направи проблем на грчката влада. Министерот за реформи и член на Нова демократија, Кирјакос […]

Ципрас подготвен за избори, Самарас со ново предупредување пред третиот круг

декември 23, 2014

Опозициската СИРИЗА е задоволна од денешниот исход од гласањето. Со голема насмевка, Алексис Ципрас, лидерот на левичарската партија, која е најпопуларна политичка опција кај народот, изјави дека во 2015 година Грција конечно ќе заврти нова страница во својата историја. – Ниту парламентот ниту народот ќе му даде бланко чек на Самарас да продолжи со пакетот […]

Грција и во вториот круг не избра претседател

декември 23, 2014

Ниту вториот круг од гласањето во грчкиот парламент не е избран претседател. За Ставрос Димас гласаа 168 од вкупно 300 пратеници. Против беа 131 пратеник, а една пратеничка беше отсутна. Одлучувачки ќе биде третиот круг закажан за 29 декември. Покрај 155 пратеници на Нова демократија и на ПАСОК, за Димас гласаа 13 независни пратеници, осум повеќе од […]

Предлогот на Самарас донесе три нови сигурни гласа за Димас

декември 22, 2014

Уште тројца независни пратеници во грчкиот парламент ќе застанат на страна на Ставрос Димас на утрешниот втор круг за избор на претседател. Независните Василис Иконому и Јоргос Куракос одлучија да го поддржат кандидатот на Нова демократија и на ПАСОК откако грчкиот премиер Андонис Самарас предложи владина реконструкција со внесување нови проевропски политичари во владата и […]

СДСМ: Иванов докажа дека Македонија нема претседател

декември 18, 2014

„Добро утро Ѓорге Иванов! По петте години криење во фотелјата на Водно, изгласан на криминални избори, Иванов денеска се осмели да предава за  демократија и за дијалог во 2015 година“, реагираат од опозицискиот СДСМ со соопштение по годишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов. „Да ја имал Иванов храброста за којашто зборува, да му одржи лекција за политички […]

ДУИ го бојкотираше обраќањето на Иванов

декември 18, 2014

Пратениците на ДУИ го бојкотираа годишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов. Освен пратениците на ДУИ, во салата не беа присутни ниту пратениците на СДСМ кои ги вратија пратеничките мандати. Демократската унија за интеграција го оспори легитимитетот на претседателот уште пред изборите во 2014 година затоа што не беше прифатена нивната идеја да се избере консензуален кандидат […]

Иванов: Да се слушне мислењето на сите за новите образовни мерки

декември 18, 2014

„Ја следам дебатата за предложените нови законски мерки. Неопходно е да се слушнат сите страни  и заеднички сите да го најдеме најдоброто решение. Автономијата на универзитетите е уставно загарантирана категорија и мора да се почитува“, истакна претседателот Ѓорѓе Иванов на годишното обраќање во Собранието. Тој додаде дека образованието се трансформира секаде во светот и ако […]

Димас собра само 160 од потребните 200 гласа

декември 17, 2014

Грчкото собрание не изгласа претседател во првиот круг. Само 160 пратеници гласаа за Ставрос Димас, поранешниот министер за надворешни работи и единствен кандидат предложен на овие предвремени претседателски избори во Грција. Бројката е за неколку пратеници помала од очекуваната бидејќи владината коалиција на Нова демократија и на ПАСОК очекуваше околу 162-165 гласа. На гласањето, од […]

Прв тест за Димас и за грчката влада

декември 17, 2014

Во клима на политичка неизвесност во Грција, вечерва почнува гласањето за претседател на државата. Ова е првиот од три круга на гласање што ќе одлучат дали Грција ќе добие нов претседател и каква ќе биде политичката иднина на владата на Нова демократија и на ПАСОК. Претседателот во Грција го избира грчкото собрание. Тристотините пратеници вечерва, во […]

Насер Селмани реизбран за претседател на ЗНМ

декември 13, 2014

Досегашниот претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани од дневниот весник „Вест“, со освоени 154 гласови, повторно е избран за претседател и во наредните четири години ќе го предводи здружението на новинари. Неговиот противкандидат, Семи Мехмети, уредник на порталот „Алмакос“, на денешните избори освои 21 глас. На изборите за членови на управен одбор […]

Страна 28 од 29