Алжир – Абделазис Бутефлика е префрлен во болница во Франција, јавуваат светските новински агенции, цитирајќи неименувани извори од една приватна болница во Гренобл.
Засега не се знае каква е здравствената состојба на 77-годишниот Бутефлика, ниту, пак, од кои причини е хоспитализиран.
Алжирскиот претседател минатата година преживеа мозочен удар, по кој неколку месеци беше на лекување во Франција. По закрепнувањето, Бутефлика се врати во Алжир и учествуваше на претседателските избори, на кои го освои четвртиот мандат по ред.