Во Романија денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, во кој силите ќе си ги измерат Клаус Јоханис, кој го поддржува сегашниот претседател Трајан Басеску, и премиерот Виктор Понта.
Победата во првиот круг, на 2 ноември, ја однесе Виктор Понта, со 44 отсто од освоените гласови, додека Јоханис имаше 30,37 отсто. Сите останати кандидати имаа далеку помалку гласови, па така третопласираниот Калин Попеску Таричеану имаше само 5,36 отсто.
Во првиот круг гласа 53,17 отсто од запишаните гласачи.
Според последните анкети, Понта во вториот круг би можел да освои 54 проценти од гласовите, додека за Јоханис би гласале 46 отсто.
Басеску е на власт 10 години. Доколку утре победи Клаус Јоханис, Романија ќе функционира како и порано, бидејќи го поддржуваат истите политичари кои се на власт до 2012 година, кога на парламентарните избори победија Социјал-либералната унија и Понта, кој стана премиер.