петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Претседател | 574 резултати

Иванов свика итен состанок на државниот врв

април 21, 2015

Претседателот  Ѓорге Иванов свика состанок на кој надлежните институции од областа на одбраната, безбедноста и на разузнавањето ќе го информираат државниот врв на Република Македонија за актуелните настани, во врска со инцидентот на караулата Гошинце. Состанокот ќе се одржи вечерва, во кабинетот на претседателот на Република Македонија, по враќањето во државата на претседателот на Собранието, […]

Кремљ: Кандидатурата на Клинтон е внатрешна работа на САД

април 13, 2015

Претседателската амбиција на некогашната американска државна секретарка Хилари Клинтон е внатрешна работа во која Кремљ не планира да се меша, изјави портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Димитриј Песков. „Тоа е внатрешна работа на САД. Никогаш не се мешаме во ничие внатрешно прашање и не држиме лекции. И не сакаме кога другите ни го прават […]

Иванов: Да си помагаме еден на друг и да ги почитуваме семејството и блиските

април 12, 2015

Претседателот Ѓорге Иванов им го честиташе христијанскиот празник Воскресение Христово – Велигден на сите православни христијани во Македонија, како и на сите верници на Евангелско-методистичката црква во Македонија. „На овој значаен ден, сите христијани се присетуваат на Христовото жртвување за спас на човештвото. Чествувањето на Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Празнувањето на […]

Обама: Хилари Клинтон би била одличен претседател на САД

април 12, 2015

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека поранешниот државен секретар Хилари Клинтон би била добар претседател на САД. – Таа беше одличен кандидат во 2008 година. Ме поддржуваше на изборите. Беше прекрасен државен секретар. Таа е мој пријател. Сметам дека би била добар претседател – истакна Обама пред очекуваното објавување на кандидатурата на Хилари Клинтон за Белата куќа.

Се очекува Хилари Клинтон денеска да ја објави кандидатурата за претседател на САД

април 12, 2015

Се очекува Хилари Клинтон денеска да ја објави канидидатурата за претседател на Соединетите Американски Држави (САД), јавуваат американските медиуми. Тие тврдат дека Хилари денеска ќе ја објави кандидатурата за изборите што ќе одржат идната година. Извори блиски до поранешната прва дама на Америка информираат дека Клинтон ќе ја објави кандидатурата преку видеопорака што ќе ја пласира на социјалните медиуми. […]

„Јас сум со глупавиот“

април 10, 2015

Едно малолетно момче го исмеа претеседателот на Еквадор, Рафаел Кореа, и предизвика бранување на домашната политичка сцена, со својата маичка со куси ракави. Детето побарало да се фотографира за спомен со претседателот додека тој бил во посета на еквадорскиот пацифички брег, облечен соема неформално. Кореа, познат по тоа дека сака да се фотографира со луѓето, […]

ДИК ќе го разрешува претседателот на ОИК Центар

април 8, 2015

На следната седница на Државната изборна комисија (ДИК), Никола Рилковски, претседателот на комисијата ќе покрене постапка за да се разреши Коста Митровски, претседателот на Општинската изборна комисија во Центар, кој во еден од разговорите што ги објави СДСМ, на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, му кажува како успеал да извлече четири избирачки списоци. Во […]

Ушковски: Судскиот совет нема да подлегне на никакви политички притисоци

март 26, 2015

Претседателот на Судскиот совет, Бранко Ушковски, не ги коментира аудиоснимките што ги објави лидерот на опозцијата, Зоран Заев, а кои укажуваат на директно мешање на извршната власт во судството, пренесуваат медиумите. – Не би ги коментирал аудиоснимките за да се почитува презумцијата на невиност, а, во исто време, за истите наводи и за евентуалните повреди на законот […]

Бранко Ушковски е нов претседател на Судскиот совет

март 13, 2015

Со 13 од вкупно 14 гласа, Бранко Ушковски, единствениот кандидат, е избран за претседател на Судски совет. Eдното од ливчињата беше неважечко. Тој рече дека совесно и одговорно ќе ја извршува функцијата и ќе работи заедно со неговите колеги што го избраа за претседател. На прашањето како ги коментира објавените материјали од прислушувањето и како тоа […]

Ципрас го кандидираше Пaвлопулос за претседател

февруари 17, 2015

Премиерот Алексис Ципрас го предложи Прокопис Павлопулос, поранешен министер од Нова демократија, за кандидат за претседател на Грција. Павлопулос претставува изненадување бидејќи изминатиот период најгласно се слушаше името на актуелниот грчки еврокомесар, Димитрис Аврамопулос, како фаворит за претседател на државата. Грчкиот парламент утре попладне ќе треба да гласа за претседател, а со оглед на тоа […]

Драма во Грција околу изборот на кандидат за претседател

февруари 16, 2015

Изборот за претседател на Грција се претвори во вистинска драма. Откако неуспехот да се избере Ставрос Димас доведе до предвремени избори и до политички земјотрес, сега владата на Алексис Ципрас никако не може да се договори за кандидатот за претседател. По неколкучасовно исчекување на обраќањето на Ципрас до народот, закажано за вчеравечер, а на кое […]

Почина Жељу Желев, првиот што ја призна Македонија

јануари 30, 2015

Денеска, на 79-годишна возраст, почина првиот демократски избран претседател на Бугарија, д-р Жељу Желев, соопштија од прес-секретаријатот на претседателот на државата, јавува агенцијата БТА. Желев е роден на 3 март 1935 година, во селото Веселиново кај Шумен. Средно образование завршил во гимназијата во Шумен, а во 1958 година дипломирал филозофија на софискиот универзитет „Св. Климент […]

Заушки за Иванов на „Фејсбук“

јануари 22, 2015

Откако претседателот Ѓорге Иванов ги потпиша законите за високо образование, на „Фејсбук“ има лавина од коментари и од реакции, како на политичари, така и на обични граѓани. Еве некои од нив: Ивица Милевски: „Си мислев дека „Претседателот“ сепак можеби ќе биде „претседател“ на сите, барем за кратко…ама пуста надеж. Дефинитивно имаме „претседател“ само на хартија, […]

„Студентски пленум“ ја продолжува битката против законите за образование

јануари 22, 2015

„Ниту државнички, ниту професорски“ потпис на указите со кои се носат срамните измени во законот за високо образование, напиша „Студентски пленум“ на својата фејсбук-страница, откако претседателот Иванов стави потпиис на законите за високо образование. На социјалната мрежа пленумците ги прашуваат студентите дали се подготвени да покажат револт. – Студенти, спремни ли сме да го покажеме револтот […]

Иванов ги потпишал указите за законите за образование

јануари 21, 2015

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги потпиша указите за прогласување на законите од областа на образованието, што Собранието на Република Македонија ги донесе на седницата одржана на 14 јануари 2015 година, пишува во соопштението објавено на веб-страницата на претседателот. Како што велат од неговиот кабинет, Иванов ги потпишал законите врз основа на сите извршени анализи и консултации […]

Земјите од Заливот го поддржуваат претседателот на Јемен

јануари 21, 2015

Шесте земји од Советот за соработка во Персискиот Залив го осудија обидот за државен удар во Јемен и ветија поддршка за претседателот Абд-Рабу Мансур Хади, објави „Радио Слободна Европа“. Советниците на јеменскиот претседател тврдат дека тој сè уште е на власт, и покрај тоа што шиитските бунтовници Хаути го контролираат главниот град Сана и го […]

Бунтовниците го заробија претседателот на Јемен

јануари 21, 2015

Шиитските бунтовници го држат заробен претседателот на Јемен, Абдрабух Мансур Хади во неговиот дом во Сана, јавуваат странските медиуми. Бунтовниците, според локалните медиуми, ги истерале членовите на обезбедувањето на претседателот и поставиле свои луѓе кои не му дозволуваат на Хади да го напушти домот, а под своја контрола го имаат премиерот Халед Бахах, како и […]

Студенти и професори: Ќе прават нешто, ама прво чекаат на Иванов

јануари 15, 2015

Професорскиот и студентскиот пленум сè уште немаат конкретни чекори кои планираат да ги преземат откако пратениците вчера го изгласаа Законот за високо образование. И од двата пленума велат дека немаат намера да се откажат од барањето да се повлече спорниот закон, но сè уште не знаат кои ќе им бидат наредните чекори. Жанета Трајковска од „Професорски […]

Претседателот Иванов ѝ ја честита победата на хрватската претседателка

јануари 14, 2015

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод изборот на функцијата Претседател на Република Хрватска, упати честитка до  Колинда Грабар-Китаровиќ. Во честитката тој вели дека за време на нејизниот мандат, Република Хрватска како докажан пријател на Република Македонија ќе продолжи силно да ги поддржува нашите заложби за интегрирање во Европска Унија и во НАТО.

Италијанскиот претседател ќе поднесе оставка?

јануари 13, 2015

Денеска се оечкува оставка да поднесе италијанскиот претседател Џорџо Наполитано. Како што изјави премиерот Матео Ренци, Наполитано, кој има 89 ­години, е посветен Европеец, кој во текот на денот ќе го напушти Кабинетот. Според медиумите, пак, Наполитано планира оставка во текот на утрешниот ден.

Страна 27 од 29