fbpx

„Нешнел џиографик“ сака да ја емитува реконструкцијата на падот на „кингерот“ на Трајковски

-

Телевизискиот канал „Нешнел џиографик“ (National Geographic), кој од неодамна престана да се емитува во Македонија, е заинтересиран да направи телевизиска реконструкција на падот на авионот со кој загинаа претседателот Борис Трајковски и неговите соработници во близина на Мостар, изјави главниот истражител на Комисијата што го истражуваше падот на авионот, Омер Кулиќ, кој во вторникот во Сараево го презентираше извештајот за загинувањето на Трајковски.

Авионот се сруши на 26 февруари 2004 година, неколку километри од мостарскиот аеродром, а потоа се запали. Сите патници загинаа на местото на несреќата.

На локацијата на несреќата пронајдени се две црни кутии, а босанскиот весник „Дневни аваз“ на интернет-страницата објави аудиоснимка од реконструкцијата од разговорот меѓу пилотот, копилотот и контролата на летање во Мостар,  која тогаш била под команда на францускиот контингент на СФОР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...