Предлогот на Самарас донесе три нови сигурни гласа за Димас

-

Уште тројца независни пратеници во грчкиот парламент ќе застанат на страна на Ставрос Димас на утрешниот втор круг за избор на претседател. Независните Василис Иконому и Јоргос Куракос одлучија да го поддржат кандидатот на Нова демократија и на ПАСОК откако грчкиот премиер Андонис Самарас предложи владина реконструкција со внесување нови проевропски политичари во владата и договор за избори на крај на 2015 година ако се постигне национален консензус за Димас. Покрај нив, позитивен глас се очекува и од пратеникот Павлос Мелас, кој иако гласаше против во првиот круг, најави дека овојпат ќе го поддржи Димас.

Со ова владата има загарантирано вкупно 163 јавни гласови од пратеници, 160 од минатиот пат и три нови за утрешното гласање напладне. Вкупно осум независни пратеници се со отворени карти дека ќе го поддржат Димас, а под знак прашалник е дали и други ќе одговорат на повикот на Самарас. Како во првиот круг, така и во вториот, потребно е двотретинско мнозинство, односно 200 од вкупно 300 пратеници за да се изгласа претседател. Извесно е дека вториот круг нема да донесе претседател, поради што третиот круг ќе биде решавачки и ќе даде одговор на дилемата дали Грција на 30 декември ќе се разбуди со претседател или со најава за предвремени избори.

Понудата на Самарас за национален консензус и за одложување на предвремените избори за една година, односно на крајот на 2015 година, медиумите ја толкуваат како омекнување на позициите на грчкиот премиер, кој до вчера играше на ставот или Димас за претседател или избори во јануари, без да размислува за некаков пакет за национален консензус и за владина реконструкција. Неговата иницијатива се шпекулира дека ги подгрева надежите за потенцијален успех на претседателските избори. Според информациите во Грција, владата се надева амбициозно и оптимистички со иницијативата на Самарас за национален консензус утре да добие барем 172 гласа поддршка за Димас. Ако се дојде до таа бројка утре, веруваат дека имаат надежи до третиот круг да осигураат 180 пратеници и да избегнат предвремени избори, кои по првото гласање со разочарувачката поддршка од 160 гласа изгледаше дека веќе тропаат на грчки порти. Под знак прашалник е колку е оправдан овој амбициозен оптимизам на грчката влада ако се земе предвид дека и Независни Грци и Демократска левица целосно ја отфрлија можноста да го прифатат предлогот на Самарас за национален консензус, а без нивна делумна поддршка и речиси целосна од независните пратеници, не може да се стигне до бројката 180.

Опозициската партија СИРИЗА, која и понатаму е прва најпопуларна политичка опција во анкетите во медиумите, е убедена дека владата нема да успее да ја добие бараната поддршка и ќе се оди на избори во јануари. Воопшто и не размислуваат да ја прифатат фрлената ракавица за договор за предвремени избори во 2015 година за да се согласат да гласаат за Димас бидејќи предлогот не го гледаат како остварување на нивните барања и сигурни се дека доколку се распишат предвремени избори, народот токму ним ќе им ја довери довербата за иднината на државата.

Во вакви услови останува и понатаму да тлее клима на политичка неизвесност и голема поделеност во државата, без да се има јасна слика со каква политичка состојба Грција ќе влезе во 2015 година.

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор и Македонското...

Агелер за „црната листа“: Ако ние можеме да ги собереме доказите, тогаш можат и македонските институции

САД направија уште еден значаен чекор во борбата против корупцијата со тоа што ги назначија поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и судијата на Апелациониот суд, Енвер Беџети за вмешаност во...

Израелски воздушни напади врз Сирија, Израел негира дека тенковите одат кон Дамаск

Израелски воени авиони наводно извршиле стотици воздушни напади низ Сирија, вклучително и врз главниот град Дамаск. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека документирала повеќе од 310...

Најнови гејминг вести : Излегоа Path of Exile 2 и Marvel Rivals, во Tekken 8 се враќа познат карактер

Изминатата недела пристигнаа двете популарни и долгоочекувани игри „Path of Exile 2“ и „Marvel Rivals“, a во Tekken 8 се враќа познатиот карактер „Ана Вилијамс“. https://www.youtube.com/watch?v=AOVg2aLjIiU Path of Exile 2 по долго време...

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор...