fbpx

Хрватите утре ќе гласаат за претседател

-

Хрватите утре излегуваат на избори во првиот круг на претседателски избори, а според истражувањето што го направила независната агенција „Набљудувач“, во трката за лидер на најмладата членка на ЕУ, и покрај неодамнешните оптимистички предвидувања, актуелниот претседател Иво Јоспиовиќ ќе претрпи пораз.

Неговото место во наредните пет години, според аналзиите на „Набљудувач“, ќе го заземе противкандидатката, претставничката на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Колинда Грабер Китаровиќ.

Резултатите од анкетата покажуваат дека Јосиповиќ во моментот го поддржуваат 37,1 отсто од граѓаните, додека за Грабер Китаровиќ во првиот круг би гласале 38,7 отсто. Таквите прогнози ги претстави и политикологот од Загреб Давор Ѓенеро, кој рекол дека Јосиповиќ мора да победи во првиот круг доколку сака да го освои вториот мандат по ред.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...