ДУИ го бојкотираше обраќањето на Иванов

Пратениците на ДУИ го бојкотираа годишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов. Освен пратениците на ДУИ, во салата не беа присутни ниту пратениците на СДСМ кои ги вратија пратеничките мандати.

Демократската унија за интеграција го оспори легитимитетот на претседателот уште пред изборите во 2014 година затоа што не беше прифатена нивната идеја да се избере консензуален кандидат за претседател.