Денеска во официјална посета на Македонија ќе престојува претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Џемил Чичек.
Ова е возвратна посета откако во јуни годинава неговиот денешен домаќин, претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски, престојуваше во Турција.
Во рамките на посетата, Чичек ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов. Попладне, Чичек, заедно со другите членови на делегацијата, ќе го посети Турскиот културен центар – Институтот „Јунус Емре“.