Стипендии за постдипломски студии на „Сити-колеџ“ во Солун, кој е дел од Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија, денеска добија 20 најдобри студенти.
Стипендиите, кои го носат името на поранешниот претседател Борис Трајковски, се доделуваат традиционално веќе петта година по ред. Секоја стипендија поединечно е во висина на уписнината на „Сити-колеџ“ и изнесува 14.890 евра, од кои 50 проценти ги обезбедува Министерството за образование и наука, а останатите „Сити-колеџ“.
Стипендиите на студентите им ги врачи претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој истакна дека тие се награда за нивната извонредност. Тие, им порача претседателот, ќе ви помогнат да станете врвни претприемачи и менаџери, какви ѝ се потребни на Македонија.