Досегашниот претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани од дневниот весник „Вест“, со освоени 154 гласови, повторно е избран за претседател и во наредните четири години ќе го предводи здружението на новинари.
Неговиот противкандидат, Семи Мехмети, уредник на порталот „Алмакос“, на денешните избори освои 21 глас.
На изборите за членови на управен одбор на ЗНМ, најмногу гласови освои новинарот Томислав Кежаровски, а покрај него за нови членови избрани се: Гоце Михајлоски од телевизијата „24 Вести“, Зоран Димитровски од неделникот „Фокус“, Бенјамин Арифи од „Алсат-М“, Иван Бојаџиски од „Утрински весник“, Ристо Тасев, дописник на „Утрински весник“, Мишко Иванов од „24 Вести“, Зоран Андонов од „Вест“, Стојанче Наумов, новинар, Фиљана Кока од МРТ, Миомир Серафиновиќ од „Канал 5“, Кристина Мачкиќ од „Телма“, Бесим Илјази од „Коха“ и Неџат Акифи од МРТ.
Членови на надзорниот одбор во наредните четири години ќе бидат новинарите: Дарко Чекеровски од „Телма“, Башким Сулејмани од „Алсат-М“, Мира Костиќ од МРТ, Соња Колевска-Делевска од „Вест“, Тони Михаилов од „ТВ Стар“, Џенис Сулимани и Лајм Хусаметин Гина од „Балкон 3“.
За седум членови на Советот на честа се избрани новинарите: Гордана Дувњак од „Утрински весник“, Емилија Лазаревска од „Телма“, Урим Хасипи од „Коха“, Илија Стефановски од „Радио Кочани“, Мирјана Трпческа од „Канал 5“, Фросина Лазаревска од „Плоштад“ и Каролина Мицевска од „Нова Македонија“.