fbpx

Продолжува бранот оставки во Бугарија по парламентарните избори

-

Претседателката на БСП, Корнелија Нинова, денеска поднесе оставка на функцијата поради катастрофалните резултати на парламентарните избори во неделата, јави „Медиапул“.

Оставката на Нинова дојде еден ден по оставките на други лидери на бугарски политички партии што поминаа лошо на изборите.

Претседателот на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов, поднесе оставка вчера, заедно со неговите заменици – европратеникот Ангел Џамбаски, потоа Искрен Веселинов, Атанас Стојанов и Милен Михов.

Оставка поднесе и ко-претседавачот на коалицијата „Демократска Бугарија“ Христо Иванов, и тоа од функцијата претседател на неговата партија „Да Бугарија“. И вториот ко-претседавач на „Демократска Бугарија“ Атанас Атанасов објави дека презема „лична одговорност“ и повика да почне постапка за избор на нов претседател.

Лидерката на БСП, Нинова, ќе остане на функцијата до одржувањето нов конгрес на БСП, за да се дојде до нов в.д. претседател, кој потоа би организирал директни претседателски избори во партијата.

Инаку, објавувајќи ја оставката која од неа уште од неделата вечерта ја бараат истакнати високи членови на партијата, Нинова соопшти дека и БСП е вклучена во преговорите за формирање нова влада, што ги раководи победникот на парламентарните избори во неделата, коалицијата „Продолжуваме со промената“ (ПП) на Ален Василев и Кирил Петков.

БСП, како што пишува „Медиапул“, на трите парламентарни избори одржани годинава, од кои едни редовни и два вонредни, од кои вторите беа во неделата, постојано губи гласови. На редовните избори во април првпат по 20 години наместо втора политичка сила во Бугарија, партијата се пласираше на третото место, со 480.146 гласа, што е повеќе од двојно помалку отколу на изборите во 2017 година (955.490 гласови). На првите вонредни избори во јули, БСП освои 395.695 гласа, а во неделата освоија само 266.667 гласа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...