fbpx
Таг: Порталб

таг: Порталб

Порталб: Агенцијата за млади и спорт сè уште нема веб-страница на албански јазик, очекува донација од ОБСЕ

Албанската верзија на веб-страницата на Агенцијата за млади и спорт сè уште не е подготвена. Од таму информираат дека новата веб-страница ќе биде обезбедена како донација од ОБСЕ и истата треба да биде пуштена во употреба на крајот на август или септември оваа година и ќе биде на три јазици, македонски, албански и англиски, известува Порталб.мк. „Тендерската постапка се одвиваше...

Ковид-19 пандемијата дополнително ја зголеми трговијата со луѓе во Северна Македонија и Албанија

Иако глобалната пандемија на ковид-19 блокираше многу процеси во нормалниот живот, од друга страна ги зголеми можностите за трговија со луѓе. Во годишниот извештај за трговија со луѓе објавен од страна на американскиот Стејт департмент се вели дека трговците со луѓе брзо се прилагодиле на ситуацијата создадена од пандемијата и како резултат на тоа се зголемил бројот на случаи...

Министерството за транспорт ги собра доставените предлози, се подготвува новиот закон за дивоградби

Министерството за транспорт и врски ги собра предлозите доставени од засегнатите страни во врска со законот за легализација на бесправно изградени објекти и легализацијата сега е во фаза на изготвување на нов закон. Од ова министерство за Порталб.мк потврдија дека по изготвување на законот, тој повторно ќе биде испратен до заинтересираните страни, за да достават дополнителни забелешки доколку имаат. „Ги...

Првите два километра од автопатот Скопје-Блаце нема да бидат готови ниту ова лето

Северна Македонија сè уште го нема изградено првиот дел од автопатот Скопје-Блаце. Иако за овој проект се зборува со години, првите два километри на автопатот нема да бидат готови ниту ова лето. Од ЈП за државни патишта за Порталб.мк изјавија дека подготвителните фази се завршени и дека изградбата е започната. „Изградбата на автопатот Скопје - Блаце е започната и во...

Стадионот на кој Али Ахмети го подигна трофејот е во мизерна состојба, Арифи три пати вети реконструкција

Со скршени стакла, отпадоци и натписи кои му даваат неатрактивен изглед, вака изгледа денес градскиот стадион во Тетово, чија реконструкција беше ветена во 2013 година од актуелната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, која истото ветување го повтори и во предизборната кампања од 2017 година. Оптимизмот на Арифи дека ветувањето ќе се реализира не опадна ниту во последните четири месеци...

Порталб: Ветувања и изјави за патот Тетово – Призрен, а не се знае колку ќе чини ниту кога ќе започнат работите

„Една поговорка вели, Призрен и Тетово биле еден град горе на небото, но кога паднале на земја, Шар планина ги разделила на два дела и сега ние треба да ги поврземе“ изјавил сега веќе премиерот на Косово, Албин Курти за време на изборната кампања во февруари годинава, кој истакна дека ќе започнат подготовките за проектот за поврзување на Призрен...

Порталб: Родовата еднаквост во С. Македонија и Албанија е далеку од европската реалност

Застапеноста на жените во политиката и раководните позиции во Северна Македонија и Албанија е далеку од посакуваното ниво. Стереотипите и предрасудите за улогата на жените во општеството се клучните фактори кои ги држат жените настрана од политиката, како и од другите сфери на животот. Зголемувањето на бројот на жени во политиката и на раководни позиции во последно време е...

Одлуката донесена лани, а изградбата на библиотеката „Цветан Димов“ на Бит Пазар сè уште не е започната

Проектот за изградба на новиот објект на библиотеката „Цветан Димов“ на скопски Бит Пазар сè уште не е започнат. Овој проект беше одобрен во март минатата година од Советот на град Скопје, но сè уште нема активности во правец на започнување на градежните работи, иако помина повеќе од една година од неговото одобрување и, најверојатно, нема да започне наскоро,...

Порталб: Градските автобуси за Тетово шест месеци „спијат“ на паркинг

Додека директорот на ЈП „Тетово Транспорт“, Дарко Спировски, чека нов сообраќаен режим во Тетово за автобусите да започнат да сообраќаат, бидејќи, според него, во моментов нема услови за тоа, Секторот за сообраќај во Тетово не размислува за такво нешто. Од таму нагласуваат дека режимот е подготвен пред две децении, а, иако признаваат дека ќе има проблем со точноста на...

Земјава ги ублажува анти-ковид мерките додека процесот на вакцинација тече бавно

Епидемиолошката состојба во Северна Македонија се стабилизира и како резултат на тоа, ублажени се и анти-ковид мерките. Сепак, процесот на вакцинација во земјата се одвива многу бавно. Властите ветија дека ќе добијат 500.000 дози вакцина Синовак на почетокот на јуни, но очекуваните дози не се пристигнати досега. Интензитетот на вакцинација е намален и во соседна Албанија, пишува Порталб.мк. Северна Македонија...

Порталб: Општина Тетово го загрозува процесот на гасификација, не реагира за објект без дозвола во близина на гасоводот

Процесот на гасификација во Тетово веќе неколку месеци се попречува од нелегален објект кој се наоѓа на само три метри блиску гасоводот, што со закон е забрането. Од Дирекцијата за енергетски ресурси побарале од Општина Тетово уривање на овој објект за да не се попречува процесот на гасификација, сепак, не добиле одговор. Освен тоа, од општината не одговараат ни...

Зибери за Порталб.мк: Проблемот со државјанството е повеќедимензионален

Народниот правобранител Насер Зибери оценува дека нацрт-законот за државјанство, којшто е во собраниска процедура, е во функција на надминување на проблемот со немањето државјанство, со којшто се соочуваат одреден број граѓани од осамостојувањето на Северна Македонија и, како таков, го поддржуваат. Во интервју за Порталб.мк, Зибери вели дека со новиот предлог закон се предвидени низа олеснувања, потребни да се...

Порталб.мк: Во Тетово плоштадот „Илирија“ не наликува на она што го вети градоначалничката Арифи

Проектот за плоштадот „Илирија“ е при крај, според Теута Арифи-градоначалничката на Тетово, но плоштадот во моментов не наликува на она што пред четири години го вети таа, пишува Порталб.мк. Недостигаат фонтани за пиење вода, 233 дрвени седишта, конструкции за паркирање велосипеди и корпи за отпадоци. Дали ќе се постават истите, општинските власти одбиваат да одговорат. Во период од четири години, зборовите...

Порталб: Финансиската полиција влезе во две јавни претпријатија на Општина Тетово

Финансиската полиција спроведува истрага во две јавни претпријатија основани од Општина Тетово. Ова за Порталб го потврди директорот на Финансиската полиција на РСМ, Арафат Мухареми. Во моментов истрага за можни злоупотреби се спроведува во Јавното комунално претпријатие „Тетово“ (ЈКП) и јавното претпријатие „Градски паркинг“ во Тетово. Неофицијално, Џелал Цека е разрешен од позицијата директор на ЈКП, додека директорот во...

Порталб: Неуспехот да се заштити Охридското Езеро во Албанија и Македонија го загрозува статусот во УНЕСКО

Иако е под заштита на УНЕСКО, Охридското Езеро, кое е распространето во Северна Македонија и Албанија, се соочува со низа проблеми. Како резултат, Охридското Езеро е во опасност да биде отстрането од списокот на УНЕСКО. Проблемите што ја загрозуваат биолошката разновидност на најстарото езеро во Европа се од различна природа, почнувајќи од дивоградби, загадување на езерото, испуштање на отпадни...

Порталб: Нејаснотии во врска со сексуалното образование, објаснување каква ќе е содржината на предметот [видео]

Во рамките на реформите во основното образование што министерката за образование и наука Мила Царовска ја претстави на крајот на минатата година е и воведувањето на сексуалното образование како изборен предмет за деветто одделение. Овој чекор наиде на критики и противења од група родители кои и протестираа. Со цел да се разјасни која ќе биде вистинската содржина на сексуалното...

По реакцијата на Порталб.мк, просторот наспроти старата пошта во Тетово е исчистен од отпад

Еден ден по веста на Порталб.мк во врска со малата депонија која беше создадена кај старата пошта во Тетово, а за која жителите на населбата се пожалија до „Порталб“, јавното комунално претпријатие (ЈКП) го исчисти местото и информира дека во текот на последниве денови дошло до зголемување на количините отпад бидејќи во руралните општини не се собирал, пишува Порталб.мк. Новинарот на Порталб.мк...

Порталб: Отпадоците пред старата пошта во Тетово не се чистат неколку дена, жителите се жалат на лошата миризба

Купиштата отпадоци што изгледаат како мала депонија се наоѓаат со денови пред старата пошта во Тетово. Жителите од оваа населба пред три дена се пожалија до редакцијата на Порталб.мк, а ние потврдивме дека отпадоците сè уште не се исчистени. Јавното комунално претпријатие (ЈКП) не реагира, пишува Порталб.мк. На 31 мај, на официјалната е-пошта на нашата редакција пристигна фотографија на која...

Порталб: Скејт паркот во Тетово не ја преживеа небрежноста од општината, младите во акција

Институционалната небрежност на општина Тетово, како и вандализмот на граѓаните, ги оставија младите во овој град без единствениот скејт парк. Паркот, изграден од странски и локални активисти, во моментов наликува на мала депонија. Откако барањето на младите до институциите за одржување на локацијата не наиде на слух, активистите за време на викендот ги презедоа работите во свои раце. Активистот...

Порталб: Наскоро се очекува да бидат усвоени измените на Кривичниот законик за нападите врз новинари

Министерството за правда очекува наскоро да бидат одобрени законските измени на Кривичниот законик, кои се веќе доставени до Владата. Портпаролот на Министерството за правда Александар Видиновски за Порталб.мк изјави дека предлогот за законски измени, во кој е предложено нападот врз новинари да се третира како напад врз службено лице, е ставен во регистарот на регулативи и е само прашање...

Безбедноста станува помал приоритет, вели поранешниот истражувач за безбедност на „OpenAI“

Јан Лејк, поранешен вработен во „OpenAI“ кажува дека приоритет за компанијата се „напредни производи“, а не безбедноста, откривајќи дека тој дал отказ по несогласувања околу клучните цели, пишува Гардијан. Лејк...