Стадионот на кој Али Ахмети го подигна трофејот е во мизерна состојба, Арифи три пати вети реконструкција

Градскиот стадион е во лоша состојба, а трите досегашни ветувања на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, засега се неисполнети. Фото: Ардит Рамадани / Порталб.мк

Со скршени стакла, отпадоци и натписи кои му даваат неатрактивен изглед, вака изгледа денес градскиот стадион во Тетово, чија реконструкција беше ветена во 2013 година од актуелната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, која истото ветување го повтори и во предизборната кампања од 2017 година. Оптимизмот на Арифи дека ветувањето ќе се реализира не опадна ниту во последните четири месеци од овој мандат. Потсетуваме, токму Али Ахмети, претседателот на ДУИ, партијата на Арифи, го подигна трофејот во мај оваа година кога ФК „Шкендија“ беше прогласен за шампион, иако во текот на две децении на власт на фудбалерите на „Шкендија“ не се обезбедени услови за тренинзи и мечеви, пишува Порталб.мк.

Во лоша состојба и со купишта ѓубре околу него е градскиот стадион, во Тетово, град што, кога зборуваме за фудбалот имал тим што е прогласен државен шампион повеќе од еднаш, а последен пат во мај годинава.

На новинарот на Порталб.мк не му било дозволено да влезе внатре, но околу стадионот ја регистрирал очајната состојба.

Градоначалничката Арифи првично даде ветувања за реновирање на стадионот во текот на 2013 година, потоа во 2017 година како и сега во 2021 година.

Во предизборната програма од 2013 година на актуелната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, на две места е ветено реновирање според европските стандарди на овој стадион.

„Градскиот стадион (реновирање и исполнување на стандардите на ФИФА) бидејќи Тетово има над 3 клуба и има потреба за соодветен стадион“, пишува во програмата на предизборната кампања „Градиме заедно“ во 2013 година.

Бидејќи ова ветување не беше исполнето за време на првиот мандат на Ариф, со целосно убедување таа го даде истото ветување во дебатата за Kallxo.com во соработка со Порталб.мк. каде што, меѓу другото, гарантираше дека и покрај (не)активноста на приватниот партнер, Општина Тетово ќе се вклучи во реализација на овој проект.

„Мислам дека во рамките на следниот мандат ова ветување ќе биде исполнето, заедно со приватниот партнер. Ветувам во име на градоначалника и врз основа на договорот што го имаме со приватниот партнер “, рече Арифи во 2017 година.

Сега сме 2021 година и на крајот на вториот мандат на градоначалничката Арифи, а ова ветување сè уште не е исполнето. Сепак, Арифи пред една недела изјави дека со добра волја на приватниот партнер, ова ветување, според неа, ќе биде исполнето.

„Мислам дека, почнувајќи од сериозноста што ја имаат како компанија и интересот, нивната желба да дадат се од себе во однос на стадионот и градот Тетово, тие сепак ќе најдат форма и начин да го сторат тоа“, рече Арифи за Клан Македонија, на 16 јуни.

„Всушност, тоа е прашање за кое на сите ни е јасни дека и некој друг должен во врска со ова, врз основа на оваа сериозност, јас сум многу убедена дека ќе го сторат тоа“, додаде Арифи.

Стадионот на Тетово има статус на објект од државно ниво, кој со години наназад со одлука на владата беше пренесен на општина Тетово, а потоа беше пренесен на јавно приватно партнерство. Порталб.мк дознава дека приватниот партнер според договорот мора да инвестира 7 милиони евра на двата стадиониаво Тетово.

Инаку, потсетуваме дека токму Али Ахмети го подигна трофејот кога ФК „Шкендија“ беше прогласен за шампион, иако стадионот во градот каде што се наоѓа е во мизерна состојба и властите не успеаја да обезбедат услови за играчите.