фото : Порталб

Проектот за плоштадот „Илирија“ е при крај, според Теута Арифи-градоначалничката на Тетово, но плоштадот во моментов не наликува на она што пред четири години го вети таа, пишува Порталб.мк.

Недостигаат фонтани за пиење вода, 233 дрвени седишта, конструкции за паркирање велосипеди и корпи за отпадоци. Дали ќе се постават истите, општинските власти одбиваат да одговорат.

Во период од четири години, зборовите на Арифи за истиот проект се различни. Пред четири години таа за истиот плоштад планираше низа дополнителни елементи, а на фејсбук статусот пред еден месец, напиша дека проектот ќе заврши со инсталирање на лед осветлување и паркиралишта за велосипеди.

„Поставување урбана опрема, клупи за седење и корпи за отпадоци долж шеталиштето на булеварот Илирија! Со инсталирање на лед осветлување и паркиралишта за велосипеди, граѓаните ќе имаат модерна пешачка зона во центарот на градот”, напиша градоначалничката Арифи на фејсбук, на 6 мај 2021.

Вака изгледа плоштадот денес:

Освен неколку дрвени клупи на почетокот на булеварот, не е поставено ништо ново, иако Арифи тоа го ветува ова секоја година. Дрвените клупи не се поставени долж целиот плоштад, како што беа ветени, туку само на почетокот, а од Општина Тетово не одговараат дали истите ќе бидат поставени и во останатиот дел.

Иако цената за реконструкција на овој плоштад е екстремно висока, таму недостигаат:
• 12 чешми за вода за пиење
• 233 дрвени клупи (поставени се околу 10)
• 32 конструкции за паркирање велосипеди
• 73 столбови за јавно осветлување
• 22 корпи за отпадоци (поставени се само неколку)
• Метални штитници на дрвјата

Пред еден месец Арифи изјави дека е прашање на недели до завршување овој проект, во меѓувреме, рече дека ќе биде поставени и фонтаните предвидени во претходниот проект.

„Во моментов сме во делот на поставување на урбана опрема, што е финале, според контактите што ги имаме со компанијата, прашање е на недели кога ќе се заврши. Всушност, како што е проектот, така и ќе се реализира“, изјави Теута Арифи за ТВ21, пред еден месец.

Двете страни, односно општина Тетово и компанијата „ИР ГРОУП“ наведуваат различни причини зошто завршиле на суд, односно според општина Тетово, договорот со горенаведената компанија за плоштадот „Илирија“ е раскинат поради до одолговлекување на работите.

Од друга страна, компанијата која Општина Тетово ја обвинува за неодговорна, ја демантира општината, потенцирајќи дека договорот бил раскинат поради неплаќање на извршената работа, а не поради вина на компанијата „ИР Гроуп“. Тие додаваат дека овој проект е неуспешен уште од кога започна, од сите аспекти.
Инаку, компанијата што го доби тендерот за продолжување на работите на булеварот „Илирија” е АННРА ЦЕНТРУМ, со седиште во Мала Речица, и истата треба да ја заврши работата 60 дена по започнувањето.