fbpx

По реакцијата на Порталб.мк, просторот наспроти старата пошта во Тетово е исчистен од отпад

-

Еден ден по веста на Порталб.мк во врска со малата депонија која беше создадена кај старата пошта во Тетово, а за која жителите на населбата се пожалија до „Порталб“, јавното комунално претпријатие (ЈКП) го исчисти местото и информира дека во текот на последниве денови дошло до зголемување на количините отпад бидејќи во руралните општини не се собирал, пишува Порталб.мк.

Новинарот на Порталб.мк по претходно известување од јавното комунално претпријатие (ЈКП) дека местото е исчистено, излезе на местото на настанот за да провери дали отпадот на тоа место е собран.

Местото денеска е исчистено од насобраниот отпад на локацијата кај старата пошта во Тетово.

Од Секторот за хигиена при Јавното комунално претпријатие информираа дека последните денови има зголемување на количините отпад бидејќи, според нив, немало редовно собирање во руралните општини на овој град.

„Секторот за хигиена при ЈКП Тетово ги собира и отстранува отпадоците секој ден, според планот за работа. Го зголемивме и бројот на контејнери на главните улици низ градот, со цел да имаме почиста животна средина, но последните денови имаме зголемување на количеството отпад, бидејќи во руралните општини нема редовно собирање и имаме зголемување на градежниот шут што несовесни граѓани го фрлаат на несоодветни места“, соопштија денес од ЈКП.

Сепак, Порталб.мк потсетува дека отпадоците кај старата пошта во Тетово останаа таму повеќе од три дена, додека жителите на околните згради се жалеа дека лошата миризба им влегува во становите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...