fbpx
Таг: поддршка

таг: поддршка

Во Белград денеска се одржува „Парада на гордоста“

Во Белград денеска се одржува „Парадата на гордоста“. Учесниците ќе тргнат од Славија и ќе се движат до плоштадот Република. Како што е најавено, една минута молк ќе биде посветена за ЛГБТ-заедницата во целиот свет. Учеството на „Парадата на гордоста“ најави и српската министерка за државна управа и локална самоуправа, Ана Брнабиќ, а министерката Славица Ѓукиќ-Дејановиќ рече дека ќе учествува на парадата...

Нова демократија со предност од 7 отсто пред СИРИЗА

Пораст на рејтингот на десничарите Нова демократија пред СИРИЗА покажуваат две нови медиумски анкети во Грција. Нова демократија води 7-8 отсто пред СИРИЗА според анкетите на неделникот „Параполитика“ и информативниот портал „Телевизија без граници“. Рејтингот на Нова демократија според анкетите се движи од 21 до 26 отсто, додека пак поддршката на СИРИЗА е од 13 до 19 отсто. На трето...

Бугарија ја услови поддршката на Бокова за генерален секретар на ОН

Бугарската влада ќе продолжи да ја поддржува кандидатурата на Ирина Бокова за генерален секретар на Обединетите нации, но под услов таа да биде меѓу првите двајца кандидати на следните гласања. Ова вчера го истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов, по повод пишувањата во медиумите дека Софија е можно да ја повлече кандидатурата на Бокова поради слабиот резултат од последното гласање,...

Турција го поздрави договорот за прекин на огнот во Сирија и најави помош за Алепо

Турција денеска го поздрави договорот за прекин на огнот во Сирија што го постигнаа САД и Русија и соопшти дека во соработка со Обединетите нации, подготвува хуманитарна помош за северниот сириски град Алепо, јавуваат светските агенции. Анкара соопшти дека ќе ги поддржи напорите за одржување на примирјето, како и за тоа договорот за прекин на непријателствата да прерасне во долгорочно...

ЗНМ ги повика сите новинари да се приклучат на утрешниот протест

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги повика сите новинари да се приклучат на протестот за проддршка на новинарот Зоран Божиновски, закажан за утре во 10 часот пред Основниот суд Скопје 1. „Ги повикуваме сите новинари да се приклучат на протестот и заедно да му изразиме поддршка на колегата Божиновски. Во исто време, сакаме да го осудиме прогонот на новинари,...

Семејствата од поплавените подрачја ќе добијат по околу 200 евра од Црвен крст

Граѓаните од поплавените подрачја ќе добијат околу 200 евра по семејство од средствата собрани на двете сметки на Црвен крст, односно од сметката на Фондот на солидарност и од телефонските броеви на која беа донирани 63,8 милиони денари или 1.038.389 евра. Бројката на семејства на која им е потребна помош се движи од 4.000 до 4.500. - Пријавувањето на граѓаните кои претрпеле...

ССНМ, МИМ и ИКС ќе го поддржат утрешниот протест на ЗНМ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) ќе го поддржат утрешниот протестот на Здружението на новинари. На протестот здруженијата ќе бараат да се обезбеди фер и правично судење за Зоран Божиновски. „Правниот систем во Македонија не смее да се користи за политичка одмазда и за пресметка со неистомислениците....

Половина од Германците не сакаат Меркел повторно да се кандидира

Германската канцеларка Ангела Меркел ја одложи одлуката за тоа дали повторно ќе се кандидираа за таа функција. Најновата анкета на јавното мислење покажува дека половина од Германците се против нејзин евентуален четврти мандат. Според истражувањето на јавното мислење спроведено за весникот „Билд“, 42 отсто од граѓаните на Германија би сакале да ја видат Меркел повторно на местото канцелар, што е за...

Оер: Да се исполни договорот и да се организираат кредибилни и демократски избори

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Арбер Адеми денеска се сретна со амбасадорката на Франција, Лоренс Оер. Оер на средбата истакнала дека Франција ќе продолжи со поддршката за еворинтеграцијата на Македонија и посочи дека е потребно понатамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји. Во однос на актуелната политичка состојба двајцата соговорници ја потенцирале важноста на целосно исполнување на...

Италија ќе додели помош од 200.000 евра за поплавените подрачја

Италија ќе додели 200.000 евра помош со цел да се поддржат активностите на Црвениот крст на Република Македонија, за ублажување на последиците од поплавите во скопскиот регион, соопшти Италијанската амбасада во Скопје. Средствата, како што се наведува, ќе придонесат за финансирање на активностите кои ги презема Црвен крст, како набавка на прехранбени производи, вода за пиење, средства за хигиена, облека,...

Заев во Охрид вети поддршка на домашната економија преку директни инвестиции

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Охрид имаше средби со жителите и гостите кои престојуваат во македонскиот туристички центар. Заев рече дека е недозволиво Охрид сè уште да нема затворен базен, покриен пазар, како и современа автобуска станица, проекти кои само ги ветува но никако да ги реализира актуелната централна и локална власт на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на СДСМ се осврна...

Курц: Турција да ја објасни врската меѓу Анкара и протестите во Австрија

Австрија го повика на разговор турскиот амбасадор во Виена да ја објасни поврзаноста на Анкара со демонстрациите во Австрија во знак на поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој спроведува остри мерки по неуспешниот обид за државен удар, изјави денеска шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц. Тој изјавил дека амбасадорот ќе биде прашан дали турските официјални лица охрабриле илјадници...

Иванов: Македонија ја поддржува демократски избраната влада на Турција

Република Македонија ја поддржува демократски избраната влада на Република Турција, а во моментов се одржува состанок на групата за проценка за анализа на безбедносната состојба, информираат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. „По добивањето на податоците за намерите на вршење воен пуч во Република Турција, Армијата на Република Македонија презеде низа мерки и активности за заштита на државната граница. Претседателот...

Столтенберг: Обуката на локални војници е многу поефикасна отколку употреба на сопствените воени сили

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на вториот ден од Самитот изјави дека донесена е одлука НАТО да ги засили и своите партнери и дека треба да  помогне во градење капацитет на локално ниво. Како што изјави Столтенберг, на долг рок обуката на локални војници е многу поефикасна отколку употреба на сопствените воени сили во борбените операции и дека тоа...

Заев и Бошкоски ја потпишаа „Платформата за демократска Македонија“

Лидерите на СДСМ и на Обединети за Македонија, Зоран Заев и Љубе Бошкоски, денеска на заедничка средба ја потпишале „Платформата за демократска Македонија“ и договориле соработка меѓу двете партии, соопштија попладнево од СДСМ. На средбата, Заев и Бошкоски разговарале за „соработката во рамките на широкиот демократски фронт“ и за надминувањето на политичката криза преку одржување на фер и веродостојни избори во...

Кери утре во посета на Брисел и на Лондон

Американскиот државен секретар, Џон Кери, утре ќе ги посети Брисел и Лондон, по историскиот референдум во четвртокот, на кој Британците одлучија да ја напуштат Европската Унија. Се очекува Кери да упати пораки со поддршка од Соединетите Американски Држави до Лондон и до Брисел. Тој во Брисел треба да има средба со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ,...

Трамп ги повика републиканците на единство

Извесниот кандидат на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп, ги повика републиканците на единство. Тој ги предупреди дека нивните места во Конгресот би можеле да бидат во опасност ако не го поддржат. Обраќајќи се на илјадници луѓе на митингот во Тампа, Флорида, Трамп го нарече Мит Ромни, претседателскиот кандидат на републиканците на претходните избори, „камено ладен губитник“ затоа што не...

Утре протест пред Основен суд 1 за поддршка на Савески и на Куновски

„Шарената револуција“ утре, во 9.45 часот, пред Основниот суд 1 ќе им даде поддршка на притворените демонстранти, членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, чие судење беше одложено трипати, а закажано е за утре. „45 дена нашите соборци Здравко и Владимир се неправедно во куќен притвор. 45 дена неправдата кон нив е неправда кон целото протестно движење. 45 дена правосудните органи се...

Хојт Ји: Ќе продолжиме да даваме поддршка за излез од политичката криза

Хојт Брајан Ји, заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Азија во Стејт департментот во интервју за „Гласот на Америка“ рече дека САД и ЕУ ќе продолжат да даваат поддршка за да се надмине политичката криза во Македонија. „Веруваме дека инволвираните страни во кризата во Македонија можат да најдат начин да излезат од неа. На одлуката да не се одржат...

Потписниците на Повелбата за солидарност го поддржуваат штрајкот на судските работници

Потписниците на Повелбата за солидарност даваат целосна поддршка на штрајкот на вработените во судската администрација организиран од страна на Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и Здружението на судска администрација. Во соопштението кое го испратија до медиумите пишува дека со штрајкот вработените го искажуваат своето незадоволство од игнорантскиот однос на Министерството за правда и...