fbpx

Бугарија ја услови поддршката на Бокова за генерален секретар на ОН

-

Бугарската влада ќе продолжи да ја поддржува кандидатурата на Ирина Бокова за генерален секретар на Обединетите нации, но под услов таа да биде меѓу првите двајца кандидати на следните гласања. Ова вчера го истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов, по повод пишувањата во медиумите дека Софија е можно да ја повлече кандидатурата на Бокова поради слабиот резултат од последното гласање, и на нејзино место да ја кандидира еврокомесарката за буџет и за човеки ресурски, Кристалина Георгиева.

„Ние правиме големи напари за кандидатурата на Бокова“, изјави вчера Борисов. Тој, сепак, додаде дека доколку таа била номинирана од ГЕРБ (партијата на Борисов), тој одамна ќе ја отповикал.

Борисов рече дека очекувал Бокова самата да се повлече од трката за генерален секретар на Обединетите нации, по гласањето во Советот за безбедност минатата недела, на кое не ја доби потребната поддршка.

Според владини извори, со Бокова веќе било разговарано за ова, но таа одбила да се повлече од трката.

Борисов соопшти дека ја поканил бугарската кандидатка на владин состанок, кој требало да се одржи вчера, но таа одбила со објаснување дека има многу поважни работи на агендата.

Бугарскиот премиер додаде дека Ирина Бокова била номирана за генерален секретар на ОН во последните денови од кабинетот на претходниот премиер Пламен Орешански, а владата на Борисов потоа ја прифатила таа одлука и официјално ја номинирала Бокова и покрај бројните реакции од влијателни западни земји дека нејзината кандидатура е неприфатлива.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...