fbpx

Заев во Охрид вети поддршка на домашната економија преку директни инвестиции

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Охрид имаше средби со жителите и гостите кои престојуваат во македонскиот туристички центар.

Заев рече дека е недозволиво Охрид сè уште да нема затворен базен, покриен пазар, како и современа автобуска станица, проекти кои само ги ветува но никако да ги реализира актуелната централна и локална власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на СДСМ се осврна и на актуелната состојба со иселувањата од земјава, посочувајќи дека Охрид е рекордер според бројот на жители кои се иселиле од овој град и од државата.

– Охрид и охриѓани треба да добијат директна економска помош и поддршка за да останат овде и да не ја напуштаат земјата. За жал Охрид е еден од градовите од кои има најголема миграција. Само во последните десет години се заминати повеќе од 7.600 граѓани. Пола од заминатите во последната година се од Охрид. Тоа само по себе кажува колку е лоша економската состојба на охриѓани. Сето она што ќе значи подршка за нови апартмани, нови угостителски објекти, ресторани, нови хотели и мотели, за сето она што мадите ќе одлучат да го прават, државата во иднина ќе дава конкретна поддршка преку бизнис инкубаторите со 10.000 евра, а 140 милиони евра ќе имаме во директни инвестиции за поддршка на малите и средни претпријатија. Секој млад човек кој ќе создаде мала фирма од областа на мали и средни претпријатија ќе добие директно ослободување од давачките на државата. Ние веруваме дека на тој начин ќе обезбедиме многу повеќе квалитетни плати – потенцираше Заев.

Лидерот на најголемата опозициска партија се осврна и на проблемите во инфраструктурното поврзување на Охрид со остатокот од земјата.

– Охрид мора да е поврзан инфраструктурно. Започнатото ќе го интензивираме и ќе ја изградиме патната инфраструктура, што е од особено значење за развојот на туризмот – рече Заев

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...