fbpx
Таг: поддршка

таг: поддршка

И ЦК на ВМРО-ДПМНЕ му даде поддршка на Груевски за разговори за формирање влада

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница ги прифатил вчерашните заклучоци на извршниот комитет и му дал целосна поддршка на претседателот на партијата и мандатар, Никола Груевски, за претстојните разговори за формирање на идната влада. Со седницата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, раководел Груевски, а на неа се дискутирало за актуелната состојба во земјава и за резултатите од предвремените парламентарни...

Македонија да биде држава со европски вредности, порача Мета

Претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета, даде поддршка на лидерот на Демократската унија на Албанците, Али Ахмети, за неговата иницијатива за обединување на Албанците во Македонија во една заедничка платформа, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. „Нашиот интерес е Македонија да биде држава со европски вредности и Албанците да имаат целосни права,“ изјавил Мета при посетата на Пешкопеја.

Европската комисија одобри 90 милиони евра како поддршка за влез на Албанија во ЕУ

Европската комисија одобри околу 90 милиони евра како поддршка на Албанија за нејзиниот пат кон членство во Европска Унија, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Програмата наменета за Албанија ја следи политиката на проширување со фокусирање на областите како владеење на правото, економски развој и конкурентност. Исто така, се поддржува и имплементацијата на албанската стратегија за борба против корупцијата и реформите во...

Бејли: Идната влада и опозицијата да работат конструктивно во спроведување на реформите

Американската амбасада ги поздрави прелиминарните заклучоци на ОБСЕ дека фундаменталните права на изборите генерално биле почитувани, излезеноста била голема, а изборите биле спроведени на мирен и регуларен начин со неколку случаи на неправилности. - Ние ја истакнавме загриженоста на набљудувачките тимови за административните подготовки на изборите и ја повикуваме следната влада да работи на подобрување на капацитетите на ДИК и...

Груевски: Да направиме 11 декември да биде празник на демократијата

„Имаме уште два дена кои треба одговорно и мирно да ги поминеме и кризата ќе заврши. Треба само да сме мудри и со ладни глави...“, рече на прес-конференција во Кавадрци, Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во изборната единица 4. - Институциите мора да дејствуваат одговорно и професионално, тоа го очекуваме од нив, ова се однесува меѓу...

Не бараме 63 пратеници, туку поддршка за реформска влада, порача Заев од Битола

Не барам 63 пратеници, туку подобар живот за 1,5 милиони граѓани во Македонија и за сите што си заминаа од државата, истакна лидерот на СДСМ и носител на листа во четвртата изборна едница, Зоран Заев, на вечерашниот митинг на партијата и на Коалицијата за живот во Македонија во Битола. Тој истакна дека по проектот „Скопје 2014“, „најголемиот криминал што го...

Во Париз собир за поддршка на мигрантите

Околу 1.000 луѓе се собраа во Париз во знак на поддршка за мигрантите, оценувајќи дека Франција недостојно се однесува спрема луѓето кои бегаат од конфликтните области. „Мигрантите се добредојдени“ извикуваа демонстрантите кои носеа такви плакати испишани на француски, арапски и на англиски јазик. Демонстрантите, помеѓу кои и приврзаници на левицата, претставници на синдикати и разни здруженија, се собраа во северниот дел...

Бизнисмените ја поддржуваат работата на СЈО

Немаме поплаки од наши членови дека биле прислушувани и дека тоа на некој начин им се одразило врз бизнисот, одговори претседателот на Стопанска комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), Неби Хоџа, на новинарско прашање во врска со последниот случај „Таргет“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство, а се однесува на незаконското прислушување политичари, бизнисмени и граѓани. - Немаме информации во тој дел,...

Ирак е подготвен да го намали производството на нафта

Ирак е подготвен да го намали производството на нафта и на тој начин ќе го поддржи планот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), кој предвидува да се намали прекумерната глобална понуда и да се зголеми цената на нафтата, изјави ирачкиот премиер Хајдер ал Абади во Багдад. - Она што во намалување на производството ќе го изгубиме, ќе го...

Континуирано опаѓа поддршката за Ципрас

Во Грција, се чини, сè повеќе опаѓа поддршката за владата на СИРИЗА, а се зголемува разочараноста и песимизмот дека работите може да тргнат во нагорна линија. Новата анкета на јавното мислење спроведена од весникот на новинарите, кој важи за пролевичарски ориентиран, покажува зголемување на јазот меѓу Нова демократија и СИРИЗА, со силна предност од 11 отсто на десничарите пред партијата...

Министерот за образование Лутфиу се сретна со холандскиот амбасадор Пломп

Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу, се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Ваутер Пломп. На средбата била истакната досегашната успешна соработка на полето на образованието и на науката меѓу двете земји. Министерот Лутфиу го информирал амбасадорот Пломп дека МОН целосно стипендира тројца студенти на додипломски студии и двајца студенти на магистерски студии за академската 2016/2017 година на универзитетите „Гронинеген“, „Лајден“...

Светска банка ja поддржува економијата со инструменти за инвестиции и за развој

Проектите што во изминатите години се реализираат во Македонија со поддршка од Светската банка, а кои се во насока на спроведување на реформите, зголемување на конкурентноста и на подобрување на инфраструктурата, на долг рок ќе донесат позитивни резултати за македонската економија. Ова денеска го истакна претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, на средбата со извршниот директор...

Наумов се сретна со претседателката на ССК, Арсовска

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, денеска се сретна со претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска. На средбата се зборувало за актуелните состојби во стопанството и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите членки на Сојузот на стопански комори на Македонија. Наумов бил информиран за проблемите со кои се соочуваат компаниите, а се однесуваат на надлежност на...

Алтхаузер: Пратениците да го поддржат СЈО и да овозможат еднаква правда за сите

Претставниците на граѓаните во парламентот да ги поддржат напорите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и да овозможат еднаква правда за сите, порача денеска германската амбасадорка во земјава, Кристине Алтхаузер, која учествуваше на завршната конференција од проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“, во организација на Државна комисија за спречување на корупција. Алтхаузер истана дека „во оваа насока е важно...

Трајанов: Ако Хан притисне, законите за СЈО можат да се донесат и в понеделник

Собранието денеска не го усвои предлогот на пратеникот Павле Трајанов на дневен ред да се стават измените на Законот за Специјалното јавно обвинителство (за продолжување на рокот за истраги) и на Законот за заштита за сведоци. За разгледување на законите во редовна постапка, како што изјави Трајанов за „Мета“, гласале сите присутни пратеници од СДСМ, ДУИ, ДПА и независните пратеници,...

ВМРО-ДПМНЕ дебело плаќала американски консултантски фирми за поддршка на Груевски

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ плаќала за поддршката на САД за ВМРО-ДПМНЕ, јавува денеска македонскиот сервис на „Радио Слободна Европа“, објавувајќи извештаи од американските компании што ВМРО-ДПМНЕ ги има ангажирано. Во написот се наведува дека ВМРО-ДПМНЕ до декември минатата година на три различни американски консултанстки и компании за односи со јавноста им платила околу 1,6 милиони долари. Во извештаите од фирмите, кои се...

СДСМ: Се грижиме за дијаспората и мотивираме соработка

Членовите на извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Аднан Џафероски, се сретнале со македонски државјани во Брисел кои живеат и работат во Белгија. На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во Македонија, за фокусираноста на СДСМ на организирање и на одржување регуларни избори во декември. На средбата Адеми и Џафероски соопштиле и повеќе мерки со кои се отвора шанса...

Кучи побара поддршка од Словенија за подобро искористување на ИПА-фондовите

Министерот за економија, Дритон Кучи, се сретна со новоименуванот амбасадор на Словенија во Македонија, Милан Јазбец. Министерот Кучи истакна дека Словенија е еден од позначајните трговски партнери, кој постојано е позициониран меѓу првите 20 земји со кои Македонија остварува најголем обем на трговска размена. Кучи и Јазбец изразија задоволство од досегашната соработката во сферата на туризмот, бизнис-секторот, енергетиката, а министерот Кучи...

„Шарена револуција“: СЈО е патот до правдата

Неколку стотици граѓани, поддржувачи на „Шарената револуција“, денеска се собраа пред Собранието да му дадат поддршка на Специјалното јавно обвинителство. На собирот се пуштаа песни за Македонија, за поддршка на СЈО и против владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Припадниците на „Шарената револуција“ на улицата пред Собранието нацртаа голем круг, во него нацртаа стрелка која покажуваше кон СЈО, а до која пишуваше „Еден е...

В понеделник во 17 часот, собир за поддршка на СЈО

В понеделник, во 17 часот, пред Собранието ќе се одржи собир за поддршка на Специјалното јавно обвинителтво. Во повикот на социјалните мрежи, пишува дека по летните одмори, СЈО повторно е под напад на режимските гласноговорници и има вистински линч и пропаганда против обвинителката Катица Јанева и целото СЈО. „Власта со која сè уште управува обвинетиот Груевски, ја користи секоја можност за да ја...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...