Европската комисија одобри околу 90 милиони евра како поддршка на Албанија за нејзиниот пат кон членство во Европска Унија, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана.
Програмата наменета за Албанија ја следи политиката на проширување со фокусирање на областите како владеење на правото, економски развој и конкурентност.
Исто така, се поддржува и имплементацијата на албанската стратегија за борба против корупцијата и реформите во судството.
Други области што ќе бидат поддржани преку оваа програма се транспорт, животна средина, граѓанско општество и учеството на Албанија во програмите и во агенциите на ЕУ, како што се „Еразмус плус“, „Хоризонт 2020“ и „Креативна Европа“.