fbpx

Трајанов: Ако Хан притисне, законите за СЈО можат да се донесат и в понеделник

-

Собранието денеска не го усвои предлогот на пратеникот Павле Трајанов на дневен ред да се стават измените на Законот за Специјалното јавно обвинителство (за продолжување на рокот за истраги) и на Законот за заштита за сведоци.

За разгледување на законите во редовна постапка, како што изјави Трајанов за „Мета“, гласале сите присутни пратеници од СДСМ, ДУИ, ДПА и независните пратеници, а единствени кои гласале против предлогот биле пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

– Јас предлогот за измени на законите за СЈО и за заштита на сведоци го доставив до Собранието на 5 октомври, а денеска сме 13 октомври. Претседателот на Собранието одбиваше да ги стави на дневен ред измените, поради што јас предложив измена на деневниот ред на денешната седница и дадов образложение зошто треба да се изгласаат законите. „За“ гласаа пратениците од сите пратенички групи и независните пратеници, а од ВМРО-ДПМНЕ едонствено гласаа „против“ – вели Трајанов.

Во врска со утрешната посета на европратеникот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, и со неговите средби со претставниците на четирите политички партии, СЈО и на невладините организации, Трајанов очекува прашањето за неопходноста од донесувањето на законите да биде ставено на маса, „ако не од другите, тогаш од претставниците на СДСМ“.

Според Трајанов, доколку се постигне компромис за донесување на законите и се покаже политичка волја, тие можат повторно да се најдат на дневен ред и да бидат донесени пред распуштањето на Собранието, за кое расправата е закажана за понеделник.

– Ако има политичка волја, измените на законите можат повторно да се стават на дневен ред, а за тоа постои деловничка можност. Доволно е да се смени една запирка во текстот на измените и Собранието може да ги разгледува и во скратена и во редовна постапка. Но, повторувам, сè зависи од политичката волја – вели Трајанов.

Инаку, ова е вторпат како пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ гласа против ставањето на дневен ред на законите за СЈО и за заштита на сведоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...