fbpx

ВМРО-ДПМНЕ дебело плаќала американски консултантски фирми за поддршка на Груевски

-

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ плаќала за поддршката на САД за ВМРО-ДПМНЕ, јавува денеска македонскиот сервис на „Радио Слободна Европа“, објавувајќи извештаи од американските компании што ВМРО-ДПМНЕ ги има ангажирано.

Во написот се наведува дека ВМРО-ДПМНЕ до декември минатата година на три различни американски консултанстки и компании за односи со јавноста им платила околу 1,6 милиони долари.

Во извештаите од фирмите, кои се објавени на страницата на Американската државна агенција за регистрација за странски соработници во Министерството за правда (ФАРА), се наведува дека компаниите ги одработеле состаноците на лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со конгресменот Пити Сешн и со помошникот секретар во национална безбедност, Алан Берсин, како и колумните на Груевски и написите на американските аналитичари во „Њузвик“ и во „Хил“.

Во еден од документите се наведува дека ВМРО-ДПМНЕ има два договора за исплата со компанијата „Глобал секјурити“, едниот во вредност од 35.000 долари месечно, а другиот од 140.000 долари. Исплатите се однесуваат на активностите на компанијата за организирање на средбите на Груевски со Сешн и со Берсин, кои се одржаа на седми јануари годинава. На оваа средба, Сешн изјави дека присуството на Груевски во Вашингтон е значајно за САД.

ВМРО-ДПМНЕ, преку компанијата „Њу партнерс консултинг“, платила и 5.000 долари за претплата за меѓународната медиумска база на податоци. Во извештајот за шестмесечните активности на компанијата се наведува дека фирмата за клиентот ВМРО-ДПМНЕ ги договорила колумните на Груевски во „Њузвик“, како и написот на американскиот аналитичар Мајкл Михан во „Хил“, објавена на 10 декември минатата година со наслов „Нападот врз слободните медиуми е напад врз сите нас“.

Во текстот Михан наведува дека Македонија е водена од про-НАТО и про-европски премиер, Никола Груевски, а оти коментарите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за медиумите претставуваат „враќање во темните времиња на македонската историја“.

Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, минатата недела повторно беше во посета на САД, каде, како што соопштија од партијата, остварил средби со конгресмени, сенатори и со претставници на американски невладини организации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...