fbpx

„Шарена револуција“: СЈО е патот до правдата

-

Неколку стотици граѓани, поддржувачи на „Шарената револуција“, денеска се собраа пред Собранието да му дадат поддршка на Специјалното јавно обвинителство. На собирот се пуштаа песни за Македонија, за поддршка на СЈО и против владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Припадниците на „Шарената револуција“ на улицата пред Собранието нацртаа голем круг, во него нацртаа стрелка која покажуваше кон СЈО, а до која пишуваше „Еден е патот до правдата“. Од страните беа напишани Уставен суд, Кривичен суд и Основно јавно обвинителство, а надвор од кругот пишуваше „Вашето време истече, its SJO o’clock“.

Адвокатот Звонко Давидовиќ рече дека денешниот протест е со намера да ги потсети пратениците кои ја изгласаа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дека треба да го почитуваат СЈО и да ги донесат измените што таа ги бара.

– Дојдовме тука да му кажеме на Кривичниот суд да нема двојни аршини и селективна правда и да се фати за работа. Исто така, сакаме да му кажеме на СЈО да си ја врши својата работа и дека ја има нашата поддршка, но само додека си ја врши својата работа. СЈО е должно да ги извади пред лицето на правдата сите што правеле криминал – рече Давидовиќ.

Активистот на „Шарена револуција“, Александар Младенов, рече дека СЈО е единствената некорумпирана институција, а граѓаните не смеат да дозволат таа да биде укината.

– Нè делат по секаква основа. Едни даноци за нив, други за нас. Една правда за нив, друга за нас. Сведоци сме и на егзодусот на младите. Да не дозволиме да нè поделат и да не дозволиме да го укинат СЈО затоа што е единствената некорумпирана институција – вели Младенов.

На крајот на протестот активистите запалија факли и се наредија во нацртаниот круг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...