fbpx

Утре протест пред Основен суд 1 за поддршка на Савески и на Куновски

-

„Шарената револуција“ утре, во 9.45 часот, пред Основниот суд 1 ќе им даде поддршка на притворените демонстранти, членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, чие судење беше одложено трипати, а закажано е за утре.

„45 дена нашите соборци Здравко и Владимир се неправедно во куќен притвор. 45 дена неправдата кон нив е неправда кон целото протестно движење. 45 дена правосудните органи се под жесток притисок од авторитарниот и корумпиран режим да носат одлуки на штета на демонстрантите“, се вели на страницата на „Фејсбук“ на „Шарената револуција“.

Савески и Куновски се обвинети за демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов. Последното рочиште на 31 мај беше одложено, бидејќи одбраната не го имала добиено вештачењето поради што не можеле да ја подготват листата на докази.

Ослободување на демонстрантите од притвор е едно од барањата на „Шарената револуција“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...