fbpx

Оер: Да се исполни договорот и да се организираат кредибилни и демократски избори

-

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Арбер Адеми денеска се сретна со амбасадорката на Франција, Лоренс Оер.

Оер на средбата истакнала дека Франција ќе продолжи со поддршката за еворинтеграцијата на Македонија и посочи дека е потребно понатамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји.

Во однос на актуелната политичка состојба двајцата соговорници ја потенцирале важноста на целосно исполнување на Политичкиот договор и организација на кредибилни и демократски избори како и спроведувањето на реформите од европската агенда на инклузивен и транспарентен процес.

Вицепремиерот Адеми и амбасадорот Оер се согласија дека и покрај предизвиците со кои се соочува ЕУ, потребно е да се задржи фокусот и на политиката за проширување, како една од најуспешните политики на Европска Унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...