fbpx

Ирска изрази гнев поради смртта на Навални

Исто така, била побарана целосна независна и транспарентна истрага

-

Министерството за надворешни работи на Ирска го повикало рускиот амбасадор во Даблин за да „изрази гнев“ поради смртта на познатиот руски дисидент Алексеј Навални во затвор, јави ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ.

Ирското МНР на Твитер објави оти на амбасадорот Јури Филатов му повторило дека „конечната одговорност“ за смртта на Навални „лежи кај руското раководство“. Исто така, била побарана целосна независна и транспарентна истрага.

Смртта на најистакнатиот претставник на руската опозиција беше објавена во петокот.

Навални помогна во поттикнувањето на протестите во Русија во 2011 и 2012 година, преку кампања против изборната измама и владината корупција, истражувајќи го внатрешниот круг на Путин и споделувајќи ги наодите во популарни видеа кои собраа стотици милиони прегледи.

Во 2020 година, Навални падна во кома по сомнежите за труење со нервен агенс „новичок“ извршено од руските безбедносни служби и беше евакуиран на лекување во Германија. По заздравувањето се врати во Русија во јануари 2021 година, каде веднаш по слетувањето беше уапсен на аеродром под обвинение за прекршување на условниот отпуст.

Во затвор пронајден мртов Навални, најгласниот критичар на Владимир Путин

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...