Во затвор пронајден мртов Навални, најгласниот критичар на Владимир Путин

Затворската служба во областа Јамало-Ненец соопшти дека тој, по денешна прошетка, „се чувствувал лошо“ и „речиси веднаш ја изгубил свеста“. Навални, кој важеше за најгласен критичар на Путин, отслужуваше затворска казна за прекршоци кои нашироко се сметаат за политички мотивирани

-

Главниот опонент на рускиот претседател Владимир Путин и најзначајниот руски опозициски лидер во изминатата деценија Алексеј Навални, е пронајден мртов во затвор во Арктичкиот круг, јавуваат руските новински агенции, цитирајќи ја затворската служба.

Навални, кој важеше за најгласен критичар на Путин, отслужуваше 19-годишна затворска казна за прекршоци кои нашироко се сметаат за политички мотивирани, пишува Би-би-си.

Кон крајот на минатата година беше преместен во арктичка казнена колонија, која се смета за еден од најтешките затвори.

Затворската служба во областа Јамало-Ненец соопшти дека тој, по денешната прошетка, „се чувствувал лошо“ и „речиси веднаш ја изгубил свеста“.

Гардијан во своето известување пишува дека смртта на Навални веројатно ќе се смета како политичко убиство кое ќе му се препише на Владимир Путин.

Навални беше еден од највидливите и најупорните критичари на рускиот претседател. На видео од затворот објавено во јануари годинава, Навални, со избричена глава, изгледаше слаб.

Кремљ соопшти дека нема информации за причината за смртта.

На почетокот на декември минатата година, Навални исчезна од затворот во Владимирската област, каде отслужуваше 30-годишна затворска казна поради обвиненијата за екстремизам и измама, кои тој ги нарече политичка одмазда за водењето на опозицијата против Кремљ во изминатите неколку години. Кажа дека не очекува да биде ослободен додека Путин е жив.

Навални помогна во поттикнувањето на протестите во Русија во 2011 и 2012 година, преку кампања против изборната измама и владината корупција, истражувајќи го внатрешниот круг на Путин и споделувајќи ги наодите во популарни видеа кои собраа стотици милиони прегледи.

Во 2020 година, Навални падна во кома по сомнежите за труење со нервен агенс „новичок“ извршено од руските безбедносни служби и беше евакуиран на лекување во Германија. По заздравувањето се врати во Русија во јануари 2021 година, каде веднаш по слетувањето беше уапсен на аеродром под обвинение за прекршување на условниот отпуст.

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за донесување на...

Српската полиција физички се пресмета со студентите во Нови Сад

Денеска пред Факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад ескалираше тензијата кога група студенти во блокада и граѓани кои протестираат веќе подолг период, го блокираа влезот на факултетот, спречувајќи...

Јавното обвинителство ги поканува на средба претставниците на семејствата кои утре ќе излезат на „Маршот на Ангелите“

Јавното обвинителство ги поканува на средба сите претставници на семејствата на жртвите кои настрадаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во текот на утрешниот најавен протест. Од обвинителството на средбата би сакале...

На 25 мај хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа“ со организирање на хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, информираат оттаму. - „На...

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за...