fbpx

ССНМ, МИМ и ИКС ќе го поддржат утрешниот протест на ЗНМ

-

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) ќе го поддржат утрешниот протестот на Здружението на новинари. На протестот здруженијата ќе бараат да се обезбеди фер и правично судење за Зоран Божиновски.

„Правниот систем во Македонија не смее да се користи за политичка одмазда и за пресметка со неистомислениците. Правото на фер судење е основно човеково право и државата треба да го обезбеди тоа право за сите граѓани на Република Македонија. Затоа, се приклучуваме кон утрешниот протест пред Основниот суд во Скопје во 10 часот, каде е закажано првото рочиште против Божиновски“, се вели во заедничкото соопштение на ССНМ, МИМ и на ИКС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...