fbpx

Нова демократија со предност од 7 отсто пред СИРИЗА

-

Пораст на рејтингот на десничарите Нова демократија пред СИРИЗА покажуваат две нови медиумски анкети во Грција. Нова демократија води 7-8 отсто пред СИРИЗА според анкетите на неделникот „Параполитика“ и информативниот портал „Телевизија без граници“.

Рејтингот на Нова демократија според анкетите се движи од 21 до 26 отсто, додека пак поддршката на СИРИЗА е од 13 до 19 отсто. На трето место според резултатите на двете анкети е Златна Зора со рејтинг од 4.6 до 7.9 отсто. На четвртото и петтото место се Комунистичката партија и ПАСОК. Двете анкети покажуваат дека коалицискиот партнер на СИРИЗА, десничарите Независни Грци имаат екстремно низок рејтинг од 1-2.6 отсто и не би влегле во новиот парламент.

Порастот на рејтингот на Нова демократија според анкетите не доаѓа од зголемениот број на поддржувачи на десничарите, туку од опаднатата доверба на поддржувачите на Алексис Ципрас и СИРИЗА. Голем број гласачи го напуштаат бродот на СИРИЗА, но не се вртат кон други политички опции туку остануваат неопределени.

Според двете анкети помеѓу Ципрас и лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис мнозинството сметаат дека Мицотакис би бил подобар премиер. Неговата поддршка е од 30 отсто од испитаниците, наспроти 25 отсто поддржувачи на Ципрас. Сепак поразително и за двајцата е дека 43 до 46 отсто од гласачите изјавиле дека ниту едниот ниту другиот се соодветни да ја водат државата.

Анкетите доаѓаат токму на денот кога лидерот на опозицијата го има своето традиционално годишно обраќање на Меѓународниот саем во Солун. На вечерашниот говор на Мицотакис ќе присуствуваат и експремиерите Константинос Караманлис и Адонис Самарас, а лидерот на десничарите се очекува да претстави нов план и стратегија на десницата за излез од грчката финансиска криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...