fbpx

Хојт Ји: Ќе продолжиме да даваме поддршка за излез од политичката криза

-

Хојт Брајан Ји, заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Азија во Стејт департментот во интервју за „Гласот на Америка“ рече дека САД и ЕУ ќе продолжат да даваат поддршка за да се надмине политичката криза во Македонија.

„Веруваме дека инволвираните страни во кризата во Македонија можат да најдат начин да излезат од неа. На одлуката да не се одржат изборите на 5 јуни гледаме позитивно. Знаеме дека е тешко да се постигне согласност за одредени реформи кои се предвидени во Договорот од Пржино, но веруваме дека доколку работат со добра волја, со соодветна политичка волја, имаат способност и капацитет да ги изнајдат потребните решенија“, рече Ји.

Според него, важно е меѓународната заедница, да ја игра својата улога и да даде поддршка, но не преку наметнување и диктирање, туку преку поддршка на инволвираните страни, на лидерите во земјата, за да најдат решенија и да ги имплементираат.

„Веруваме дека побитно е да се спроведат реформите, да се создадат услови за слободни, фер и кредибилни избори, отколку да се одржат избори по секоја цена. Во соработка со ЕУ и другите партнери на Македонија, ќе вршиме голем притисок, да и помогнеме на Владата и на политичките партии да ги најдат потребните решенија. Се надеваме дека избори ќе има што е можно поскоро, најдоцна до 2017 година, и доколку политичките партии ја завршат работата за која и се избрани од граѓаните на Македонија, тогаш ќе ја имаат нашата поддршка“, потенцираше Ји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...