fbpx

„Шарената револуција“: За секој одземен чатал, ќе се враќаме со два нови

-

Фонтаната на плоштадот „Македонија“, и објектите на Владата и Собранието денеска повторно беа мета на чаталите на „Шарената револуција“. Тргнувајќи од пред Специјалното јавно обвинителство, демонстрантите  по булеварот Климент Охридски, се упатија кон владата.

Таму со два чатала ја обоија фасадата на владата и порачаа дека за секој одземен чатал, тие ќе се врќаат со два нови.

Извикувајќи „Нема правда, нема мир“ граѓаните се упатија кон портата „Македонија“ и плоштадот. Во фонтаната на споменикот „Воин на коњ“, тие истурија црвена боја и со графити испишани на плочките порачаа дека „ќе си го вратат Скопје“.


Откако ја обоија фонтаната, „Шарената револуција“ се упати кон Собранието. Јасмина Дуриќ, вработена во АРМ рече дека десет години ги гледа нечовечките притисоци на власта кон администрацијата и полицијата.

– Четиринесет години работам во АРМ и досега не добив никакво унапредување, напротив добив прекоманда во Кичево за да не можам да бидам дел од „Шарената револуција“. Направивте да не можам да контактирам со моите колеги, кои ме избегнуваат и се плашат да контактираат со мене бидејќи знаат колку е долга вашата рака и дека ќе сакате да им се осветувате и да ги деградирате. Десет години сум сведок на притисоците и на заканите што оваа власт ги прави врз административците. Се борам и протестирам за правдави ќе има правда и ќе има мир – рече Јасмина.

Генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порача дека е дојден крајот на оваа власт и дека е време оние што краделе и што правеле криминали да одат во затвор и да ги вратат парите. Како што рече Спасовски, дошло време чесните луѓе да создадат влада која ќе се плаши од граѓаните и нема да дозволи никогаш повторно да се случи власт како онаа на Груевски.

– Не ми е јасно како оние Никола и Ахмети не сфаќаат дека е дојден крајот. Готово е Никола, веќе нема кој да ти помогне, ниту Миле со хилтата, ниту Гоце со тефтерчето, ниту Чавков со камерите – рече Спасовски.

По говорите на Дуриќ и Спасовски, боја доби и Собранието.

На денешниот протест, на „пикапот“ кој пред два дена беше запленет и вратен од полицијата, му се придружи уште едено возило, „застава 101“ кое беше обоено во боите на „Шарената револуција“.

Припадниците на „Шарената револуција“, кои денеска добија поддршка и од поранешната амбасадорка на Холанија, Симоне Филипини, порачаа дека додека не се исполнат нивните барања, нема да престанат да протестираат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...