вторник, 9 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: пандемија | 181 резултати

Не е точно дека ковид пандемијата била планирана со децении

23 март 2024

Тврдењето во објавата дека „таканаречената пандемија била планирана и координирана со децении наназад“, не се темели на факти. Она што беше координирано беше одговорот на пандемијата, односно во повеќе држави беа слични преземените мерки за заштита на населението кои вклучуваа и карантини и носење маски – затоа што тоа е епидемиолошки оправдано и издржано односно […]

Не постои ковид „пландемија“ за контрола на луѓето преку 5Г мрежата

10 март 2024

Објава шири дезинформации дека ковид пандемијата била „пландемија“, односно план за контрола на луѓето преку 5Г мрежата. Ковид и 5Г мрежата не се поврзани, ниту пак, со нив се контролираат луѓето. Мета на оваа теорија на заговор се и ПЦР тестовите, за нив невистинито се тврди дека се правени за да се собере база на […]

Климатските промени не се нова „пландемија“, туку реалност и научно се докажани

2 март 2024

Климатските промени беа во фокусот на Светскиот економски форум (СЕФ) во 2021 година, но тие се високо на агендата и во последниве години и тука нема ништо спорно. Наспроти тврдењата во објавата што се шири на Фејсбук, климатските промени не се лага, ниту „пландемија“, ниту теорија на заговор. Глобалното затоплување и климатските промени се научно […]

СЗО не планира да имплементира „договор за пандемија“ и да го одземе суверенитетот на земјите-членки

27 февруари 2024

Светската здравствена организација (СЗО) подготвува меѓународен договор, кој ќе помогне да се обезбеди поправедна распределба на здравствените ресурси низ богатите и сиромашните земји, како и да се подобри размената на податоци меѓу нациите. СЗО со глобалниот план за пандемија, нема за цел да се меша во суверенитетот на државите, односно ќе „нема капацитет“ да ги […]

Не постои никаков сатански систем кој дава инструкции за вакцинација

1 февруари 2024

Вакцинацијата против ковид е доброволна, а лицето пред да ја прими, потпишува изјава за согласност со којашто потврдува дека сака да се вакцинира. Не постојат никакви сатанисти, ниту сатански систем кои даваат некакви насоки за вакцинација, како што тврди објавата што ја анализираме. Таа е дел од познатата реторика на антиваксерите, која особено се засили […]

Во светот не се шири мистериозна болест посмртоносна од коронавирусот

28 јануари 2024

Тврдењето во објавата, како и насловот на написот што го споделува, е во целосна спротивност со она што е прикажано во текстот. Не постои никаква смртоносна и опасна болест која се шири во светот и која е посмртоносна од коронавирусот. „Болест Х“ е хипотетичка болест која би можела да се појави во иднина и за […]

Урсула фон дер Лајен во Давос зборуваше за дезинформациите околу Украина, а не за „болеста Х“

26 јануари 2024

Во видеото од целосното излагање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ниту еднаш не се споменува идна пандемија, туку таа зборува за дезинформациите кои се шират во врска со воената инвазија на Русија врз Украина, како и за дезинформациите кои го загрозуваат офлајн светот и покрај тоа што се пласирани онлајн. Нејзиниот […]

Вакцините против ковид-19 не се водечка причина за зголемена смртност во светски рамки

27 декември 2023

Преку погрешни интерпретации на извештај од канадскиот Завод за статистика, се прави обид да се обвинат ковид вакцините за зголемена смртност. Во извештајот воопшто не се споменуваат вакцините, ниту пак, се кажува колку од починатите се вакцинирани, а колку не се. Тоа што во објавата се претставува како „неодредени причини за смртност”, всушност се однесува […]

СЗО не е злосторничка организација финансирана и раководена од „сатанисти од длабоката држава“

18 декември 2023

Во објавата што ја рецензираме се споделуваат наративите карактеристични за теоријата на заговор Кју Анон. СЗО не е раководена ниту од сатанисти, ниту од длабоката држава, туку од делегати од сите земји членки, а претседателот се избира транспарентно и со учество на сите земји. Финансирањето, исто така, е транспарентно и може да биде преку донации […]

Украина не ја замолчи короната, ниту пак, настаните во Израел ја замолчија Украина

16 октомври 2023

Коронавирусот сè уште го има и покрај војната со Украина, иако ситуацијата не е загрижувачка како на почетокот и првата година од пандемијата со ковид-19. Нормално е дека конфликтот што се случува помеѓу Израел и Палестина зазема централно место во медиумскиот простор во моментов. Ама тоа не значи дека случувањата таму се помалку или повеќе […]

Бројот на проститутки во Германија зголемен за 19 отсто по укинувањето на ковид мерките

16 септември 2023

Бројот на проститутки во Германија е зголемен за речиси една петтина од укинувањето на мерките за пандемијата минатата година, објави во петокот Федералниот завод за статистика, пренесе агенцијата ДПА. На крајот на 2022 година, властите регистрирале 28.280 проститутки, 19 отсто повеќе од една година порано. „Целосното укинување на мерките против коронавирусот во април 2022 година […]

На Фејсбук повторно се шират конспирации за пандемијата и „длабоката држава“

31 август 2023

Објавата произволно тврди дека пандемијата на ковид била лажна и дека луѓето треба да се борат против некакви сатанисти и против некоја „длабока држава“. Пандемијата и коронавирусот беа реални и однесоа многу човечки животи, менувајќи го начинот на живот на луѓето и за тоа има медицински докази и факти. Конспирациската теорија за длабока држава особено […]

СЗО не е сатанистичка организација, ниту пак, брутално се заканува барајќи покорност

15 јули 2023

Светската здравствена организација е насочена кон спасување на човековите животи преку промоција на подобри здравствени услуги, поголема покриеност со здравствени услуги за сите луѓе во светот преку стратегии и цели кои директорот на СЗО, Тедрос Аданом бара да се почитуваат и да се постигнуваат. Нема ништо сатанистичко во тоа да се насочуваат државите членки на […]

Владата без критериуми исплатила речиси 100 милиони евра за справување со ковид-19 кризата

30 јуни 2023

Речиси 100 милиони евра од страна на Владата преку потпрограмата Мерки за справување со ковид-19 кризата, во 2021 година биле исплатени без утврдени критериуми во однос на избор на институции и износот на одобрените неповратни финансиски средства, при што 33 отсто од примателите на средствата немаат доставено извештај за реализираните активности до Владата. За потпрограмата […]

Не е точно дека на повидок е нова пандемија на птичји грип

3 јуни 2023

Двајца работници на фарма во Англија беа позитивни на птичјиот грип, но ниту еден здравствен претставник не посочил дека тоа претставува почеток на нова пандемија. Велика Британија не потврдила дека тоа е почеток на нова пандемија, ниту пак Бил Гејтс рекол дека следната пандемија ќе ги таргетира децата. Тврдењата изнесени во објавата се произволни и […]

Неточно се тврди дека Бил Гејтс заговара глобална пандемија, затворска држава и геноцид

30 април 2023

Наспроти изнесеното во постот дека Гејтс заговара геноцид, тој во колумната на Њујорк Тајмс предупредува на тоа дека е потребна подготвеност од страна на државите за што повеќе луѓе да се спасат во иднина доколку повторно се случи пандемија. Тој во ниеден момент не кажува дека сака глобална пандемија и затворска држава, ниту, пак, зборува […]

Општините не се справиле добро со ковид-пандемијата, граѓаните се незадоволни

25 април 2023

Во државата нема Национална стратегија за намалување на ризици од катастрофи, каде јасно ќе се дефинираат приоритетите и стратешките цели на национално ниво, што не дава солидна основа за планирање ефикасна политика за намалување на последиците од катастрофи и јакнење на отпорноста при кризни ситуации, епидемии, пандемии и слично. Управувањето со кризи е уредено преку […]

Кју нема спречено „глобален ковид план за депопулација“, затоа што таков не постоеше

23 март 2023

Објавата што ја рецензираме не само што е невистинита, туку е и бесмислена. Ковид пандемијата не е планирана, туку  таа е глобална здравствена кризна ситуација којашто беше надмината главно поради вакцинацијата и поради тоа што вирусот мутираше во поблаги варијанти, како и поради фактот што дел од популацијата го прележа вирусот. Никакви кју војници не […]

Пропагандата на Кју-анон шири невистини дека војната во Украина е „чистење на сатанисти“

21 март 2023

Наспроти изнесеното во видеото што се споделува во постот, нема никакви тајни апсења на „длабоката држава“, како што приврзаниците на Кју анон теоријата на заговор ја нарекуваат „елитата која од сенка владее со светот“. Исто така, ковид-19 не е измама, туку пандемија од светски размери којашто беше победена поради вакцинацијата, како и мутирањето на самиот […]

Пораките на Мат Хенкок не се доказ за „пландемија“

12 март 2023

Протечените пораки во постот не докажуваат дека пандемијата против ковид-19 била измислена. Станува збор за комуникација меѓу тогашниот министер за здравство Мет Хенкок и негов асистент од која се гледа дека Хенкок прашува кога на јавноста да ѝ откријат дека има нова варијанта на ковид-19 – кент варијантата. Сепак, тоа не значи дека тој на […]

Страна 1 од 9