Таг: пандемија
таг: пандемија
Кју нема спречено „глобален ковид план за депопулација“, затоа што таков не постоеше
Објавата што ја рецензираме не само што е невистинита, туку е и бесмислена. Ковид пандемијата не е планирана, туку таа е глобална здравствена кризна ситуација којашто беше надмината главно поради вакцинацијата и поради тоа што вирусот мутираше во поблаги варијанти, како и поради фактот што дел од популацијата го прележа вирусот. Никакви кју војници не придонеле за нејзиното стабилизирање....
Пропагандата на Кју-анон шири невистини дека војната во Украина е „чистење на сатанисти“
Наспроти изнесеното во видеото што се споделува во постот, нема никакви тајни апсења на „длабоката држава“, како што приврзаниците на Кју анон теоријата на заговор ја нарекуваат „елитата која од сенка владее со светот“. Исто така, ковид-19 не е измама, туку пандемија од светски размери којашто беше победена поради вакцинацијата, како и мутирањето на самиот вирус во послаби варијанти....
Пораките на Мат Хенкок не се доказ за „пландемија“
Протечените пораки во постот не докажуваат дека пандемијата против ковид-19 била измислена. Станува збор за комуникација меѓу тогашниот министер за здравство Мет Хенкок и негов асистент од која се гледа дека Хенкок прашува кога на јавноста да ѝ откријат дека има нова варијанта на ковид-19 – кент варијантата. Сепак, тоа не значи дека тој на некој начин ја планирал ...
Постот манипулира дека американската администрација официјално потврдила лабораториско потекло на ковид-19
Три години по почетокот на пандемијата сè уште е нејасно дали коронавирусот што ја предизвикува болеста ковид-19 се проширил по природен пат од животно, или истекол од лабораторија. Секој нов извештај за потеклото на вирусот веднаш предизвикува враќање на дезинформации и теориите на заговор поврзани со коронавирусот. Од американското Министерство за енергетика протече информација дека последниот извештај, со „мала...
Коронавирусот е изолиран многупати во повеќе различни земји
Изјавата на доктор Ву Цунју во видеото од постот што го рецензираме е извадена од контекст, односно таму тој зборува дека во конкретни примероци земени од пазарот во Вухан на почетокот на пандемијата не го изолирале, односно не го нашле вирусот, а не дека воопшто не го изолирале коронавирусот. Во друг видеоматеријал од 8 декември 2020 година, истиот доктор...
Истражување за временските услови правено пред пандемијата, злоупотребено да се нападнат вакцините
Во текстот чиј наслов е прикажан во склоп на постот без да се посочи и линкот до него, воопшто не се разгледуваат ненадејни смртни случаи кои настануваат како резултат на вакцина. Ниту пак, во истражувањето споделено во Вајс, во кое има примерок од смртни случаи од изминатите 38 години, заклучно со 2017 година, се споменуваат вакцините. Тие луѓе кои...
Нема пандемија на вакцинирани, не е точно дека тие се изложени на поголем ризик
Во постот е злоупотребен написот на Вашингтон пост којшто наменски и селективно се прикажува. Наспроти тврдењето во објавата, статистиките кои покажуваат дека голем дел од смртните случаи од ковид-19 се меѓу вакцинираните луѓе го одразуваат фактот дека повеќето луѓе се вакцинирани, а не дека вакцините се неефикасни. Во написот на Вашингтон пост јасно стои дека токму невакцинираните се изложени...
Фиктивно сценарио за пандемија извадено од контекст
Во конкретниот случај се работи за монтажа на фиктивно сценарио за пандемија со вистински интервјуа од Бил Гејтс. Прикажан е видеоматеријал за симулација на пандемија во кој се презентира како би изгледало справувањето со пандемијата и како тоа би било објавувано на вестите, а во горниот десен агол од мониторот е испишано дека станува збор за фиктивно сценарио....
Никој не планира никакви климатски заклучувања
Советот на округот Оксфордшир не планира да воведе „климатски заклучувања“ и не одобри мерки за таа цел. Во постот што се шири на Фејсбук погрешно се толкува донесувањето на низа мерки наменети за намалување на патниот сообраќај во градот Оксфорд, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.
Текстот подолу го пренесуваме во целост:
Рецензираме пост на Фејсбук кој прави каша попара од две...
Коронавирусот постои, за три години починаа над 6,6 милиони ширум светот
Коронавирусот SARS-CoV-2, што ја предизвикува болеста ковид-19, беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што беше изолиран неговиот генетски материјал РНК, а тоа го потврди СЗО. Наспроти тврдењето во постот дека пандемијата со коронавирусот е измислена, ковид-19 постои, за што говорат бројките на заболени и починати од вирусот во изминативе три години. Владите ширум светот...
Вакцината против ковид-19 и канцерот немаат меѓусебна корелација
Бројни медицински експерти велат дека нема докази кои ја поврзуваат вакцината против ковид-19 со канцерот и нотираат дека растот на бројот на случаи се објаснува со задоцнетиот скрининг во текот на ковид пандемијата. Тврдењето дека канцерот се појавува за месец или два после вакцинацијата е биолошки неможно. Онколозите нотираат дека изложувањето на канцерогени состојки, може да потрае и години...
Научните испитувања за вируси и бактерии не се најава за идна пандемија
Тоа што науката се фокусира на спречување на некои можни пандемии кои никој не знае дали ќе се случат, никако не претставува најава за идна пандемија, а уште помалку планирана пандемија односно „пландемија“, како што невистинито се тврди во постот што го рецензираме. За да се создаде успешен одговор на евентуална идна пандемија, научниците од СЗО уште отсега создаваат...
Сифилисот постои со години, не „никнал“ после „ковид тиранијата“
Изнесеното во објавата што се споделува на Фејсбук е надвор од контекстот на прилогот на којшто се повикува самиот пост. Во оригиналната вест воопшто не се говори за никакво воскреснување на сифилисот, туку станува збор за едукативен, информативен напис за сексуално пренослива болест која отсекогаш постоела, и пред ковид пандемијата и по неа. Извештаи на Министерството за труд и...
Нема докази дека прекумерната смртност е резултат на вакцинацијата
Како што за Ројтерс потврдуваат независни експерти, со доведувањето во корелација меѓу целосниот број дози вакцини администрирани во Европа и стапките на смртност за само еден месец, се пропушта да се детектираат и другите потенцијални причини за смртноста и не се даваат никакви докази дека прекумерната смртност настанала токму поради вакцините против ковид-19, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.
Текстот...
Раководењето со вработени од Генерација З е како работење со странци, постарите да бидат трпеливи
Како што сѐ повеќе и повеќе припадници на „Gen Z“ (Генерација Зед - родени во втората половина на последната деценија на 20. век и во првата половина на првата деценија на 21.век) влегуваат во работната сила, понекогаш изгледа како да се отвораат фронтови меѓу младите вработени и нивните постари колеги.
Во овој генерациски судир, раководителите многу често ја нарекуваат овааа...
Видео дезинформира дека поради вакцината колабирале новинари, политичари, спортисти
На видеото кое трае повеќе од 2 минути, измонтирани се сегменти од различни настани каде телевизиски презентери, новинари, медицински лица и спортисти се онесвестуваат или пак паѓаат на терените, а за сите нив се тврди дека „починале поради вакцината”. Но, дел од видео материјалите се снимени пред воопшто да постои вакцина против ковид-19, а за другите постојат или други...
Антигенските тестови не се отровни ако се користат правилно и ако не се допира реагенсот
Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Не е точно дека со брзите антигенски тестови масовно се загрозува здравјето и животот на населението. Тоа што ПЦР тестот постои, е само алатка за детекција на ковид-19, а не причинител на болеста. Иако е теоретски вистинито дека дел од вијалите содржат токсични супстанци, сепак, тоа не ги прави брзите антигенски...
Отворањето на преговорите, можностите и предизвиците на Северна Македонија да има економска корист
За Северна Македонија по отворањето на преговорите со Европската Унија во јули годинава се отворија можности за поголем економски развој, но исто така за таков развој ја чекаат предизвици. Она што треба да се случи е што поскоро забрзување на процесите на подобрување на условите за водење бизнис и стимулирање на конкурентноста како природен двигател на економскиот развој и...
Бајден размислува за нова кандидатура, ама одлуката уште не е донесена
Во емисијата „60 минути“ на американската телевизија Си-Би-Ес, претседателот на САД Џон Бајден, говорејќи на неколку теми, рече и оти размислува да се кандидира за втор претседателски мандат, одлуката уште виси во воздухот.
„Кога би ви кажал 'пак ќе се кандидирам', така одеднаш, многу работи влегуваат во игра.... Јас сум голем почитувач на судбината. Па така, си ја работам работата.......
Не е точно дека на Олимписките игри во 2012 година била предвидена ковид пандемијата
Наспроти изнесеното во објавата, церемонијата од 2012 година траеше четири часа, а акцент беше ставен на британската историја и култура. Во еден дел од церемонијата ѝ се изразува почит на Националната служба за здравство на Велика Британија (владина програма која обезбедува здравствени услуги по ниски цени), но тоа во ниту еден случај не ја предвидува пандемијата, односно коронавирусот кој...