среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: пандемија | 181 резултати

Вистиномер: Со стара фотомонтирана насловна страница се обвинува Фаучи дека ја донел СИДА-та во САД

23 август 2022

Уште од стартот на пандемијата доктор Фаучи, националниот американски експерт за инфективни болести е честа мета на дезинформации и критики. Во  обид да се поткопа неговиот кредибилитет се споделува и оваа дигитално изменета фотографија која го става Фаучи во центарот на кризата со СИДА во осумдесеттите години од минатиот век, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. […]

Вистиномер: Не е лага дека мајмунските сипаници се јавна здравствена опасност

14 август 2022

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, до 5 август во САД се потврдени 7.510 случаи на заболени со мајмунски сипаници, а единствените две држави во САД каде што не е регистриран ниеден случај се Вајоминг и Монтана. Во сите други американски држави има потврдени случаи, најмногу во Њујорк – 1.862. Со прогласувањето […]

Вистиномер: Со стари видеа лажно се прикажува падот на италијанската влада

14 август 2022

Видеото во постот што го рецензираме претставува компилација од повеќе материјали од стари протести за различни причини и со различни барања, меѓу кои противење на зелениот ковид пасош, протести на студенти, како и протести на сопственици на ресторани. Па, наспроти тврдењето во постот, видеото не го илустрира „падот на владата во Италија“, пишува „Вистиномер“ во […]

Вистиномер: Пандемијата на ковид-19 е реална и постои, не ја измислуваат медиумите

12 август 2022

Од почетокот на појавата на ковид-19 и откако Светската здравствена организација прогласи пандемија, во голем број на објави на социјалните мрежи сензационалистички и се разбира неточно, се пишуваше дека коронавирусот е измислен и дека всушност не постои, туку станува збор за измама. Ковид не е измама и навистина постои. Станува збор за болест, предизвикана од […]

ДЗР: За две години, граѓаните во приватното здравство прелеале 18,6 милиони евра за ковид тестови

22 јули 2022

Сметано по најниската наплатена цена од 1.400 денари по тест и направени 819.240 тестови за две години, од граѓаните во приватното здравство се прелеани повеќе од 18,6 милиони евра, покажа ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување на за 2020 година. Како што стои во објавата на ревизорите, […]

Вистиномер: Не е вистина дека во светските медиуми не се зборува за ковид-19

12 јули 2022

Пандемијата не е готова, светот е далеку од целосно спречување на ширење на вирусот. Тврдењето дека „никаде во светот веќе не се зборува за вирусот“ е најобична лага. Само во последниот месец за повторното ширење на вирусот, како последица на новите мутации на омикрон, известуваат: „Си-Ен-Ен“, „Њујорк Тајмс“, „Би-Би-Си“, „Гардијан“, „Економист“, „Гласот на Америка“, „Глобај […]

Расте бројот на ковид-случаи, се зголемува и бројот на реинфекции

21 јуни 2022

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.067 тестови, а регистриран е 91 нов случај на ковид-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 23 реинфекции. Оздравеле 67 заразени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од системот „Мој Термин“ не […]

Пописот откри колку луѓе со попреченост живеат во општините, на ред се градоначалниците да им обезбедат услови

13 јуни 2022

На возраст од 0 до 14 години во државата има 1.674 деца со попреченост, 43,5 отсто се луѓе на возраст од 15 до 64 години, а 54,8 отсто се на возраст од над 65 години. На пописот, 38.499 луѓе се изјасниле дека имаат проблем со движењето, 12.371 рекле дека имаат проблеми со видот, 5.947 со […]

Вистиномер: Не постојат посебни маски за мајмунски сипаници

6 јуни 2022

И покрај контекстот во кој се портретираат овие маски како посебни и специјално дизајнирани за мајмунски сипаници, сепак не е вистина дека постојат специјални маски дизајнирани за оваа болест. Лицата заразени со мајмунски сипаници користат обични хируршки маски, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа […]

Вистиномер: Фабрикувана изјава на Путин за мајмунските сипаници се шири на социјалните мрежи

2 јуни 2022

Изјава на рускиот претседател Владимир Путин поврзана со мајмунските сипаници не може да се најде ниту на официјалниот канал на претседателот на Русија, ниту во делот на руски јазик, ниту на англиската верзија на сајтот. Пребарувањето на официјалните информации од Кремљ од 7 мај, кога беше пријавен првиот случај на мајмунски сипаници, до сега, не […]

Вистиномер: Не е точно дека нуспојавите од ковид вакцината се пренесуваат од вакцинираните на невакцинираните

15 мај 2022

Текстот што се споделува во оваа објава на Фејсбук погрешно интерпретира студија изготвена од научници од универзитетот во Колорадо. Наспроти  тврдењето во написот дека „нуспојавите од вакцината против ковид-19, се пренесуваат на невакцинираните”, студијата на ниеден начин не го тврди ова. Фактички, станува збор за студија која не е прегледана од научната заедница, но во […]

Вистиномер: СЗО не ја поддржува хипотезата дека ковид вакцината е причинител за хепатитис кај децата

6 мај 2022

Не е точно дека СЗО нема одговори на прашањето дали појавата на акутен хепатитис кај децата е поради вакцинацијата со ковид-19. Хипотезите поврзани со несакани ефекти од вакцината против ковид-19 не се поддржани затоа што огромен дел од афектираните деца не примиле ковид вакцина, соопштија од СЗО , пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го […]

Вистиномер: Невистинито се тврди дека ковид пандемијата стивнала поради војната во Украина

4 мај 2022

Паралелата помеѓу војната во Украина и состојбата со пандемијата на коронавирусот, што се прави во оваа Фејсбук објава, нема никаква логика ниту каква било издржаност и поткрепа со факти. Иако пандемијата не е во најсилниот замав, сепак таа не е завршена. Во некои земји, во споредба со претходната недела, случаите со коронавирусот растат. На Кипар, […]

Пендаровски по повод 8 Март: Борбата за женските права е секојдневна и сѐ уште е борба за еднаквост

8 март 2022

Денеска кога ја одбележуваме борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, како и достигнувањата во повеќе сфери, да се потсетиме дека борбата за женските права е секојдневна и сѐ уште е борба за еднаквост и достоинствен живот, порача претседателот Стево Пендаровски по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жените. „Покрај зголемената свест за […]

Пендаровски: Дезинформациите поткопуваат некои од темелите на демократијата како систем

11 февруари 2022

Kако конзументи на огромен број информации што брзо се појавуваат во нашето секојдневие, немаме ниту време, ниту можност да процениме дали содржината што ја читаме е проверена и точна или е можеби дезинформација која свесно или несвесно погрешно ја информира јавноста. Тоа поткопува некои од темелите на демократијата како систем, порача денеска претседателот Стево Пендаровски. […]

Вистиномер: Не е прогласен крај на пандемијата во Германија на 14 јануари 2022 година

2 февруари 2022

Не е вистина дека во Германија завршила пандемијата со коронавирусот. Напротив, земјата се соочува со рекордни бројки на новозаразени, што е закана за нејзиниот здравствен систем. Тоа го покажува епидемиолошката состојба во земјата, рекордниот број на новозаразени со омикрон во Германија во периодот пред и по 14 јануари 2022 година, препораките за вакцинација со трета […]

Вистиномер: Грипот и настинките не се регистрираат како ковид-19 за да се создаде лажна пандемија

28 јануари 2022

Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот, постои и е реална и не станува збор за лажна пандемија. Тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот низ целиот свет во последната година и половина.Тоа што симптомите на грипот и ковид во одреден дел може да се слични, не значи дека настинка, грип […]

Вистиномер: Вакцините не можат да ве разболат од ковид-19

20 јануари 2022

Коронавирусот е респираторен вирус кој се пренесува преку контакт со заболено лице, односно преку неговите респираторни секрети кои се распрскуваат во вид на ситни капки кога заразениот кашла и кива, преку плунка или течење од носот. Вакцината против ковид-19 никако не може да ве зарази со коронавирус. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел […]

Порталб: Дезинформација е дека Босна и Херцеговина прогласи „победа“ над пандемијата

17 јануари 2022

Написот во “Пулс7Њуз” ја дезинформира јавноста дека Босна и Херцеговина е првата земја што прогласи победа над пандемијата со Ковид-19, што е невистинa. Напротив, во последните денови во Босна и Херцеговина состојбата со пандемијата е доста влошена. Доктор Марио Јованоски вели дека сепак постои оптимизам дека на оваа пандемија ќе ѝ дојде крајот во тек […]

Вистиномер: Топ три дезинформации за заштитните маски во 2021 година

8 јануари 2022

Коронавирусот којшто веќе две години е присутен во целиот свет, се шири преку респираторните капки што луѓето ги исфрлаат кога зборуваат, пеат, кашлаат или киваат. Заштитните маски доколку се носат правилно и се комбинираат со други заштитни мерки помагаат да се спречи ширењето на коронавирусот. Но и покрај важноста на заштитните маски при спречување на […]

Страна 3 од 9