fbpx
Таг: отпадни води

таг: отпадни води

Постојат 55 претпријатија низ земјава што ги одведуваат урбаните отпадни води, само 17 ги прочистуваат [инфографик]

Од 80 македонски општини, грижата за собирање и одведување на урбаните отпадни води што ги создаваат домаќинствата ја споделуваат вкупно 55 јавни комунални претпријатија. Од нив, само 17 од овие даватели на водни услуги ги прочистуваат ваквите отпадни води, со што не вршат загадување на подземните води, реките, езерата и акумулацииите низ земјава. Овој загрижувачки податок од Годишниот извештај...

ДИЖС: „Пејпар Мил“ мора да го контролира испуштањето на отпадните води согласно наредбата на инспекторот

По рестартирањето на „Пејпар Мил“, обоени отпадни води се испуштаат во отворен канал што потоа се влива во Оризарска Река, а водата од реката, заедно со водите од хидроакумулациите Калиманци и Градче, се користи за наводнување на оризовите полиња, информираат од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). „Државен инспектор за животна средина на 26 април излезе на терен и утврди...

Пречистителните станици ќе ги исчистат реките од над половина од фекалиите што се влеваат во нив

По повод годинешното одбележување на Меѓународниот ден на водата 22.Март, „Мета.мк“ потсетува дека 2021 година е клучната година во која треба да се завршат тендерските процедури и конечно да отпочне реализацијата на долговетуваните пречистителни станици за отпадни води во Скопје, Битола и Тетово. Со нивната реализација, над 50 отсто од количеството на урбани отпадни води што ги создаваме како...

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе почне да се гради во јуни 2022 година

Со неколку месеци одложување во однос на првичниот рок, наместо на крајот од 2021 година, пречистителната станица за отпадни води во Скопје би почнала да се гради во јуни 2022 година. До тогаш треба да се заврши изборот на најповолен изведувач на работите и надзорна компанија, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Тендерската постапка која...

Отпадните води од хотели во Маврово директно се испуштаат во Мавровско езеро и река Радика

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) по претставка на граѓани изврши интензивен надзор врз правни субјекти на територијата на Националниот парк Маврово. Досега биле инспектирани 18 објекти и утврдено е дека 9 не поседуваат Елаборат за заштита на животната средина, информираат од ДИЖС. „Голем број инспектирани угостителски објекти директно ги испуштаат отпадните води во Мавровско Езеро или реката Радика, како...

За обнова на водоводните мрежи и третман на урбаните отпадни води, потребни ни се 1,7 милијарди евра

На Северна Македонија ѝ се потребни најмалку 1,7 милијарди евра за да задоволи само одредени членови од две директиви на ЕУ - Директивата за третман на урбани отпадни води и Директивата за вода за пиење, беше потенцирано од Јадранка Иванова раководителка на програмата „Поддршка на Албанија за пристапни преговори во областа животна средина - Поглавје 27“ на денешната конференција...

За изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје се заинтересирани 12 компании

Рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје заврши вчера. Од ЈП „Водовод и канализација“, како инвеститор, велат дека биле поднесени 12 апликации од компании или конзорциуми заинтересирани за изградба на капиталниот објект вреден 136 милиони евра. „Горд сум што испишуваме нова страница во историјата на...

Сè повеќе инвестиции во управувањето со отпадни води, потребни се уште за да имаме чисти води (инфографик)

Инвестициите во управување со отпадните води во земјава постепено растат во изминативе години, но еколозите и невладините организации посочуваат дека се потребни многу повеќе во наредниот период за да имаме чисти речни и езерски води кои ќе овозможат враќање на изумрениот биодиверзитет, дозвола за капење на граѓаните и можност за наводнување на земјоделските површини. Според податоците на Државниот завод за...

Околу 50 компании заинтересирани за изградбата на пречистителна станица во Скопје вредна 136 милиони евра

Од денот на распишување на повикот за претквалификации за избор на најдобар понудувач за проектиране и изградба на Пречистителна станица за отпадните води од Скопје, околу 50 компании изразиле интерес, односно најавиле дека ќе ги превземат документите за пријавување за изборот на изведувач на постројката, чија вредност е проценета на 136 милиони евра, соопшти ЈП Водовод и канализација -...

Скопски водовод утре ќе објави покана за претквалификација за изградба на пречистителната станица кај Трубарево (видео)

ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ соопшти дека утре ќе ја објави Поканата за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град Скопје. Се очекува изградбата на пречистителната станица кај Трубарево да чини 136 милиони евра. Со договорите помеѓу Владата и Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската Банка за...

Лани сме испуштиле над 70 милиони метри кубни фекалии во реките и подземните води (инфографик)

Процентот на непречистени отпадни води испуштени директно во водотеците, подземните води и акумулациите лани се намалил за 4,7 отсто, но оваа статистичка бројка не го менува фактот дека најголемиот дел од фекалиите во земјава и понатаму завршуваат како непречистени во нашиот воден фонд. Од вкупното количество на испуштени отпадни води во 2019 година, 67,5 отсто биле непречистени, додека 32,5%...

Реката Вардар е место за фрлање отпад и извор на болести, ќе успееме ли да го прочистиме до 2026 година? (видео)

Бактериолошки во највисока четврта категорија на загадување, додека хемиски може да се случи да биде меѓу четврта и петта категорија на загадување во зависност од годишното време и водостојот. Ова е тажниот резултат од испитувањето на квалитетот на водите на реката Вардар во Скопскиот регион, којшто со години наназад го добива доктор Љупчо Костадиновски, специјалист по хигиена и здравствена...

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе почне да се гради на крајот на 2021 година

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје е планирано да почне да се гради на крајот од 2021 година. За капиталниот објект што ќе биде лоциран во близина на селото Трубарево во следните два месеци треба да се објави постапка за предквалификација за избор на најдобар понудувач за изведување на градежните работи, а веќе е објавена постапката за предквалификација...

Најголем дел од фекалиите што ги создаваме се влеваат непречистени во реките и езерата (инфографик)

И по изградбата на неколку пречистителни станици за отпадни води во земјава, најголем дел од фекалиите што ги создаваме се влеваат непречистени во нашите реки, езера, акумулации и подземни води. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека загрижувачки 72,2 отсто од вкупното количество на создадени отпадни води се влеваат непречистени во подземните и надземните води. Во 2018 година во...

Во екот на загадувањето на воздухот, се заборава за проблемот со отпадните води

Во период кога јавноста е преокупирана со загадувањето на воздухот речиси незабележано поминуваат новите податоци на Државниот завод за статистика за проблемот со испуштањето на отпадните води кои покажуваат дека во нашата држава поголем дел од нив непречистени се испуштаат во реките и во природата. Од вкупно 110 милиони кубни метри отпадни води дури 80 милиони непречистени завршиле во реките...

За пречистителна станица за отпадни води во Скопје ќе добиеме грант од 10 милиони евра

Европската инвестициска банка (ЕИБ) донела одлука да ѝ додели на Македонија неповратни средства во висина од 10 милиони евра за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Ова беше објавено за време на вчерашниот Самит за Западен Балкан што го организираше „Економист“ во Скопје. Идниот капитален објект треба да ги опфати отпадните води на над 500.000 жители од...

Се чека името на загадувачот што го обои Вардар во портокалово

Ден откако се случи поморот на риби во Вардар како последица од загадување со отпадни индустриски води кај скопската населба Аеродром, сè уште не се објавува кој е загадувачот, но познато е дека водите на Вардар претрпеле индустриско загадување. „Резултатите од испитувањата покажаа зголемени вредности на железо, хлориди и нитраати во водата што укажува на индустриско загадување. Откако бевме известени...

Ребаланс: Помалку пари за нови водоводи, повеќе за плати во администрацијата

Со забавена динамика ќе се реализираат повеќе проекти за изградба на нови водоводи, системи за отпадни води и наводнување откако Владата со ребалансот на буџетот ги намали парите предвидени за оваа намена, покажуваат наодите од анализата на „Мета“ на предлог-ребалансот на буџетот за 2019 година кој наскоро треба да се најде на расправа пред пратениците во Собранието. Од друга страна,...

Предвидени 10 милиони евра од ЕУ и од буџетот за инфраструктура за отпадни води

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку и техничкиот директор во ЈП „Водовод и канализација”, Златан Икономов, денеска го потпишаа Договорот за спроведување на ИПА-проектот „Подобрување на инфраструктурата за отпадни води во градот Скопје“. Проектот, за чија што реализација ќе се потрошат над 10 милиони евра, ќе се финансира од средствата на ЕУ...

Владата ќе набави нови инкубатори и ќе бара пари за пречистителна станица за Скопје

Владата на денешната 33. седница ја усвоила информацијата за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје, односно за билатералниот договор за кофинансирање на проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води за градот Скопје“ помеѓу Европската комисија и Владата, соопшти службата за информирање. Владата ги задолжила Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање...

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...