fbpx

Владата ќе набави нови инкубатори и ќе бара пари за пречистителна станица за Скопје

-

Владата на денешната 33. седница ја усвоила информацијата за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје, односно за билатералниот договор за кофинансирање на проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води за градот Скопје“ помеѓу Европската комисија и Владата, соопшти службата за информирање.

Владата ги задолжила Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање веднаш да подготват и достават барање до ЕБОР, ЕИБ и до банката КФВ за да достават заедничка понуда за подготовка и за финансирање на проектот со заем, инвестициски грант и со грант за техничка помош.

Исто така, Владата намени и средства за набавка на нови инкубатори за Државната клиника за гинекологија во Скопје, како и за дел од другите јавни здравствени установи. Тоа е направено со пренамена на средства од посебниот дел утврден со државниот буџет за 2017 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...