fbpx

Ребаланс: Помалку пари за нови водоводи, повеќе за плати во администрацијата

-

Со забавена динамика ќе се реализираат повеќе проекти за изградба на нови водоводи, системи за отпадни води и наводнување откако Владата со ребалансот на буџетот ги намали парите предвидени за оваа намена, покажуваат наодите од анализата на „Мета“ на предлог-ребалансот на буџетот за 2019 година кој наскоро треба да се најде на расправа пред пратениците во Собранието. Од друга страна, Владата и во ребалансираниот буџет најде пари за зголемување на ставката плати во администрацијата.

Во потпрограмата „Водовод и канализација за општините“ кај Министерството за транспорт и врски има кратење на паричните средства од 333.443.000 денари или околу 5,4 милиони евра на 233.500.000 денари (3,7 милиони евра)

„Основна цел на оваа потпрограма е да се обезбеди одржливо снабдување со вода за пиење на населението, преку подобрување на системите за водоснабдување. Проектот се финансира како кредитно задолжување на Република Северна Македонија од Германската банка за развој – KfW и грант средства од SECO и со истиот е опфатено подобрување на водоснабдувањето на три општини во Република Северна Македонија, фаза 1, чекор 2 и тоа: Гостивар, Радовиш и Кавадарци“, пишува во објаснувањето во предлог-ребалансот на буџетот.

Кај истото Министерство има намалување на сумата и во потпрограмата „Проект за водоснабдување и одведување на отпадните води“ од 605.930.000 денари или околу 9,7 милиони евра на 419.430.000 денари или 6,8 милиони евра.

„Оваа потпрограма опфаќа изградба и реконструција на водоснабдителни и канализациони системи финансирани со заем од Европска Инвестициона Банка (ЕИБ). Основна цел на оваа потпрограма е квалитетно и ефикасно задоволување на потребите од вода, особено во руралните подрачја, како количински ограничен ресурс кој претставува еден од најважните предуслови за обезбедување на современ стандард на животот на населението“, пишува во предлог-ребалансот на буџетот.

Кратење на средства кај Министерството за транспорт и врски има и во потпрограмата „Хидросистем Злетовица“ од 274.000.000 денари или околу 4,4 милиони евра на 84.146.000 денари (1,3 милиони евра)

Истовремено, Владата со ребалансот на буџетот ја зголеми ставката плати во администрацијата од 28,3 милијарди денари или околу 461,5 милиони евра на 28,4 милијарди денари (462,1 милиони евра).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...