fbpx

Аудио документарец на БиБиСи: „Докторка за лажни вести“

-

Светскиот сервис на БиБиСи објави аудио документарец на тема сајтови за лажни вести од Велес, Северна Македонија со наслов Doctor Fake News („Докторка за лажни вести“) во кој се потсетува дека прв медиум што објави официјални разговори со сопствениците на порталите за лажни вести беше агенцијата Мета.мк.


Всушност станува збор за серијал од пет аудио документарци наречен Detours (Скршнувања) под водство на Асиф Кападиа (Asif Kapadia) добитник на оскар за документарни филмови и автор на „Ејми“, „Сиена“, „Диего Марадона“. Серијалот се работи во соработка меѓу Светскиот сервис на БиБиСи и Санденс институтот на Роберт Редфорд. Автор и продуцент на документарецот за Велес е Дејвид Боренстејн (David Borenstein).

Авторот на документарецот ја посочува сторијата на американскиот дигитален медиум „Базфид“ (Buzzfeed) од ноември 2016 година како момент кога фабриката од Велес стана светски позната. Но потсетува дека темата беше веќе „покриена“ во април истата година од страна на новинската агенција Мета.

Документарецот ја следи приказната на Елена, студент по медицина од Велес, која објаснува дека работејќи на веб-страници за лажни вести се заработуваше многу повеќе отколку преку работа како хирург.

На крајот, таа посочува дека еден ден се разбудила и решила дека не сака повеќе да го прави тоа, дека тоа не е начинот на кој што сака да го живее својот живот и не се чувствувала добро во својата кожа.

„Сакам можност да започнам нов живот. Овде не гледам иднина за мене“, вели Елена.

Авторот потоа додава дека „индустријата за лажни вести во Велес сега е ‘под вода’, но сè додека вашата веб-страница не е регистрирана во Велес, дезинформациите на интернет се еден од успешните начини за заработка на интернет“.

 

 

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...