fbpx
Таг: оставка

таг: оставка

Ципрас вечерва поднесува оставка – избори на 20 септември

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вечерва ќе поднесе оставка на функцијата претседател на Владата со што ќе се отвори пат за предвремени избори, кои ќе се одржат на 20 септември, јавуваат странските агенции, повикувајќи се на извори од грчката влада. Ципрас суштински го изгуби мнозинството после побуната на тврдокорните струи во неговата партија СИРИЗА. Дел од пратениците се противат на договорот...

Либискиот премиер најави оставка

Меѓународно признаениот либискиот премиер, Абдулах ел Тани, ја објави својата ненадејна оставка во телевизиско интервју и најави дека оставката официјално ќе ја достави до парламентот в недела. За време на разговорот, Ел Тани се најде на удар на критиките на телевизиските гледачи поради неспособноста на владата да им обезбеди основни услови за живот, како што се струјата, крај на несигурноста...

Политичкиот лидер на талибанците најави повлекување

Водачот на политичкото крило на авганистанските талибанци, со седиште во Катар, Сајед Тајаб Ага, си поднел оставка, по расцепот во групата, по назначувањето на новиот водач на талибанците, Мула Мансур, откако минатата недела беше потврдена смртта на неговиот претходник Мула Омар, кој починал во болница во Пакистан пред две години, јавуваат медиумите. Во изјавата, во која Тајаб Ага го соопштил...

Член на британскиот парламент си поднел оставка поради скандал со дрога

Заменик-спикерот на Домот на лордовите (Горниот дом) на британскиот парламент си поднел оставка откако бил снимен како, наводно, користи дрога во друштво на проститутки, јавува „Би-Би-Си“. Снимките до кои дошол таблоидот „Сан“ (The Sun), објавени во неделата, покажуваат како лорд Суел шмрка прав (најверојанто кокаин) од женски гради. Во писмо до парламентот, тој напишал: „Сакам да се извинам поради болката и срамот...

Претседателот на „Тошиба“ си поднел оставка поради финансиски скандал

Извршниот директор и претседател на јапонскиот технолошки гигант „Тошиба“, Хисао Танака, си поднел оставка на својата позиција откако компанијата соопшти дека во изминатите шест години биле давани неточни податоци, односно биле преувеличувани профитите на фирмата, јавува „Би-Би-Си“. Вчера од „Тошиба“ соопштија дека фирмата ги преувеличила своите оперативни профити за вкупно 151,8 милијарди јени, односно околу 1,22 милијарди американски долари. „Беше констатирано...

„Новинарски пленум“ го осуди нападот врз Саше Политико и најави протести за утре

„Новинарски пленум“ за утре во 11 часот најавува протест пред Владата, во знак на револт поради денешниот физички напад на сопственикот на порталот „Мактел“, Саше Ивановски, од вицепремиерот Владимир Пешевски, кој од пленумот го оценуваат како „континуитет на владината стратегија за пресметка со неистомислениците“. „Вицепремиерот Пешевски, како носител на јавна функција, мора да е свесен дека неговата работа подразбира отчетност...

СДСМ: Пешевски мора да си поднесе оставка поради нападот на Саше Политико

Најостро реагираме и го осудуваме скандалот во кој вицепремиерот Владимир Пешевски физички го нападна сопственикот на порталот „Мактел“, Саше Ивановски, за време на извршување на негова работна задача, реагираат од СДСМ во врска со денешниот инцидент. „Овој насилнички и нецивилизиран однос на заменик-премиерот Владимир Пешевски е уште еден доказ какви нелуѓе седат во Владата на Никола Груевски. Денешниот инцидент со...

Прва оставка во владата на Ципрас

Падна првата оставка во владата на Алексис Ципрас. Алтернативната министерката за финансии, Надиа Валавани, го извести премиерот дека веќе не може да биде дел од владата. Валавани во писмо со личен тон, испратено до Ципрас уште во понеделникот, но објавено пладнево, истакнува дека до последен момент се надевала дека нема да има договор и дека нема да победи германската техника...

Нова лидерска средба ќе се одржи утре

Утре лидерите на политичките партии уште еднаш ќе се обидат да ги доближат позициите за излез од политичката криза. Како што е најавено, утре во Скопје ќе се одржи нова лидерска средба, но според досегашните изјави на политичките партии, мала е веројатноста дека ќе се постигне договор. Една од клучните работи за која партиите досега не успеаја да се договорат...

НСДП: Преодна влада со Никола Груевски е неприфатлива

„Пред лидерската средба на 29 јуни, НСДП уште еднаш јасно и недвосмислено изразува поддршка на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во неговата позиција дека какви било модалитети за излез од политичката криза што исклучуваат оставка на Никола Груевски в понеделник се неприфатливи“, пишува во соопштението на НСДП. Како што пишува во соопштението на партијата, извештаите на Стејт департментот и на Европската...

Земјоделскиот синдикат „Спас“ се приклучува во „Кампот на слободата“

Денеска земјоделците од Македонија, претставувани преку здружението „Спас“, влегуваат во „Кампот на слободата“ и даваат целосна поддршка на опозицијата во опстојување до падот и до смената на Никола Груевски, изјави Николче Бошевски, претседател на Синдикатот на земјоделците денеска на прес-конференција пред Владата. - Влегувањето во „Кампот на слободата“ го базираме на лагите и на лошата политика во секторот земјоделство. Со...

Удирајќи во лонци, тави и во тенџериња, демонстрантите бараа оставка од Груевски

Неколку стотини граѓани, активисти, луѓе од опозицијата вечерва преку мирен, но бучен протест пред домот на премиерот Никола Груевски, побараа од него да си поднесе оставка и да овозможи да се одржат избори, кои ќе ги организира преодна влада, во која тој нема да учествува. Демонстрантите „опремени“ со тенџериња, тави, лонци, тапани и со сирени, маршот го почнаа од булеварот...

Денеска протест за оставка на премиерот Никола Груевски

Денеска во 18 часот, пред Владата, ќе почне маршот „Ука, бука, оди си Никола“. Протестниот марш кој го организираат „Граѓаните за Македонија“, треба да заврши пред зградата во која живее премиерот Никола Груевски. „Никола Груевски девет години владее со Македонија, притоа остварувајќи низа кривични дела и низа политички и нечовечки злодела. Земете тенџериња, капаци од тенџериња, лажици, пластични туби и...

Премиерот на Молдавија поднесе оставка поради спорната диплома

Молдавскиот премиер Кирил Габурич денеска поднесе оставка на функцијата поради спорната универзитетска диплома. Триесет и осумгодишниот Габурич објави дека се повлекува бидејќи обвинителите го испитувале во врска со неговите студии. - Жалам поради прашањата за моите студии, кои станаа инструмент на политички игри – соопшти Габурич, притоа не изјаснувајќи се за обвиненијата за кои се товари. Тој е проевропски ориентиран бизнисмен, кој...

СДСМ го поздрави напорот на Хан за решавање на кризата

Ставовите на СДСМ по повод одржаната средба се презентирани во изјавите на партиските функционери и во официјалните соопштенија на партијата, реагираат од СДСМ во соопштение. Од партијата велат дека текот и исходот на лидерската средба одржана во Брисел, предизвикале различни коментари, шпекулации и дезинформации во медиумите и во јавноста во Македонија. „Уште еднаш ја поздравуваме целосната посветеност, пред сè, на...

АПМ: Ако Груевски е сигурен во победата на наредни избори, нека даде оставка

„Интересот на граѓаните на Република Македонија мора да биде пред личните интереси на партиските лидери што учествуваат на преговорите. Поради тоа, сметаме дека треба да има официјални информации од организаторите на преговорите за прашањата околу кои се преговара“, велат од Алијанса за позитвна Македонија. Од партијата велат дека ако премиерот Никола Груевски е убеден дека на наредните избори убедливо ќе победи,...

Романски министер поднесе оставка бидејќи ги навредил жените

Романскиот министер за транспорт, Јоан Рус, поднесе оставка по изјавата во која Романките, чии мажи работат во странство, ги нарече проститутки. Премиерот Виктор Понта ја прифати оставката на Рус, кој во телевизиско интервју изјави дека три милиони Романци работат во странство и им испраќаат пари на жените „курви“, за да ги издржуваат нивните деца кои „не се за ништо“.

Нобеловец поднесе оставка поради коментарите за жените

Добитникот на Нобелова награда Тим Хант поднесе оставка од почесното место на Универзитетскиот колеџ Лондон (Ју-Си-Ел) поради коментарите за „проблеми со девојките“ во науката. Хант признал дека на конференцијата во Сеул изјавил дека жените во лабораторија „плачат“ кога ги критикуваат и оти се вљубуваат во своите колеги. Хант ја доби Нобеловата награда во 2001 година за трудот што го изучува делењето на...

Ердоган ја прифати оставката на Давутоглу

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја прифати оставката на премиерот Ахмет Давутоглу, по парламентарните избори кои во неделата се одржаа во Турција, но ќе продолжи да ја извршува функцијата сè до формирањето на новата влада, соопштија од кабинетот. Давутоглу се сретна со Ердоган во претседателскиот дворец во Анкара, за да ја разгледаат иднината на владата откако владејачката Партија на правдата...

Граѓаните и по четири месеци бараат правда за Тамара и оставка од Тодоров

„Оставка“, „Убијци“ и „Оди си Тодоров“ извикуваа денеска демонстрантите, кои и по четири месеци бараат правда и одговорност за смртта на малата Тамара Димовска, која почина чекајќи ФЗОМ да одобри пари за нејзиното лекување во странство. Демонстрантите во организација на граѓанското движење „Протестирам“, се собраа во 18 часот на булеварот Свети Климент Охридски и маршираа до Министерството за здравство. - Тажни...

Во време на војна на европско тло, системот за тревожење во земјава не е функционален

Системот за известување и тревожење во државата не е функционален. Нема сознанија кога сирените за тревога последен пат биле вклучени, а според одговорните лица, тоа се случило пред повеќе...