fbpx

Политичкиот лидер на талибанците најави повлекување

-

Водачот на политичкото крило на авганистанските талибанци, со седиште во Катар, Сајед Тајаб Ага, си поднел оставка, по расцепот во групата, по назначувањето на новиот водач на талибанците, Мула Мансур, откако минатата недела беше потврдена смртта на неговиот претходник Мула Омар, кој починал во болница во Пакистан пред две години, јавуваат медиумите.

Во изјавата, во која Тајаб Ага го соопштил своето повлекување, истовремено упатил остра критика за начинот на кој бил избран наследникот на Мула Омар.

Мула Мансур беше избран за лидер на талибанците во четвртокот минатата недела, откако беше потврдена смртта на Мула Омар.

Сепак, дел од талибанците велат дека не биле консултирани при донесувањето на одлуката.

Тајаб Ага, кој претходно му беше личен секретар на Мула Омар, рекол дека се повелкува за да ги избегне „понатамошните несогласувања“, додавајќи дека талибанците треба да ги водат своите работи внатре во Авганистан и дека тоа што била дозволена странска интервенција било „голема историска грешка“.

Дел до талибанците ги обвинуваат пропакистанските кругови во групата за изборот на Мула Мансур за нивен лидер, бидејќи е познат како поддржувач на мировните разговори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...