fbpx

Се укинува возењето со вклучени светла дење

-

Со новиот предлог-закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, се укинува обврската за возење со вклучени светла и дење, односно светлата на возилата да бидат постојано вклучени.

Со новите решенија, како што е наведено во предлог-законот, се врши усогласување со европската регулатива и се предвидува решение со кое „се утврдува задолжителна употреба на вклучени светла само во периодот од првиот самрак до целосно разденување (ноќе), како и дење, но во случај на намалена видливост“.

Покрај ова, според новите измени, дете помало од пет години ќе може да се вози во автомобил на задното седиште само на специјално детско седиште, задолжително врзано со сигурносен појас. На совозачкото седиште ќе може да се вози и бебе, односно дете помало од две години, под услов ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење на возилото.

Исто така, изрично се забранува на совозачкото седиште да се вози лице под дејство на алкохол или дрога. Казната за непочитување на овие одредби, според новиот закон, кој е во собраниска процедура, изнесува 35 евра.

Со новата регулатива, се предвидува и воведување казни за неконтролирана употреба на сирените на автомобилите и нервозното свирење по пешаците. Ноќе, возачите ќе мора звучниот сигнал да го заменат со светлосен, освен кога станува збор за пешаци слепи лица.

Во новиот предлог-закон, исто така, се предвидуваат поголеми измени за кандидатите за возачи и повисоки стандарди што треба да ги исполнуваат вработените во автошколите и во испитните центри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...