Ципрас вечерва поднесува оставка – избори на 20 септември

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вечерва ќе поднесе оставка на функцијата претседател на Владата со што ќе се отвори пат за предвремени избори, кои ќе се одржат на 20 септември, јавуваат странските агенции, повикувајќи се на извори од грчката влада.

Ципрас суштински го изгуби мнозинството после побуната на тврдокорните струи во неговата партија СИРИЗА. Дел од пратениците се противат на договорот со администрацијата на ЕУ, со кој се овозможува надминување на кризата и отплаќање на долговите кон меѓународните доверители.

Грција денеска и исплати на Европската централна банка 3,4 милијарди евра од долгот, откако министрите за финансии од еврозоната вчера ја одобрија исплатата на првата транша од помошта за Грција, во износ од 23 милијарди евра.

Контраспин: Укинувањето на балансерот никако не може да биде тежок удар врз Уставот

Правната одлука за т.н. балансер, во насока на усогласеност на правните акти на државата со Уставот, може да биде само поттик на принципот на еднаквост во мултиетничко општество, бидејќи...