fbpx
Таг: оставка

таг: оставка

СДСМ: Груевски се плаши од фер и демократски избори

Одлуката на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврдува дека Никола Груевски се плаши и бега од слободни, фер и демократски избори, реагираат од СДСМ на одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ изборите да се одржат на 24 април. „Груевски не сака прочистен избирачки список за да може да манипулира со фиктивни гласачи. Никола Груевски не сака слободни медиуми затоа што...

Собранието ненадејно закажа седница за 17 часот

Собранието на Република Македонија ненадејно, за 17 часот, закажа седница на која на дневен ред ставени се три закони. Прва точка е предлог-закон за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, втора точка е предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за извршување на санкциите, по скратена постапка, и трета точка е предлог-закон за...

Груевски ја доставил оставката до Вељаноски

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, соопшти дека денеска му била доставена оставката од премиерот Никола Груевски и дека тој ќе постапи во согласност со уставните, законските и со деловничките права и обврски. „Истовремено, имајќи ги предвид преземените политички обврски на лидерите на најголемите политички партии во Република Македонија во согласност со договорот од 2 јуни 2015 година и...

Заев: Груевски призна дека тој е причината за политичката криза

Денешната изјава на Никола Груевски е директно признание дека поради него и неговата партија не се исполнети клучните делови на Договорот од Пржино и дека тој е причина за политичката криза во Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во денешната изјава за медиумите како реакција на обраќањето на премиерот Никола Груевски, во кое тој ја најави својата оставка,...

Твитерџии експресно порачаа: Збогум Никола!

По обраќањето на премиерот Никола Груевски и неговата најава дека утре ќе ја депонира оставката до Собранието како еден од условите од Договорот од Пржино и за да се стави крај на политичката криза, социјалните мрежи се преплавија од реакции и од „оценки“ што, всушност, значи овој потег на Груевски. https://twitter.com/VlatkoVasilj/status/687702629623926784 https://twitter.com/KitevNikola/status/687706017593995264 https://twitter.com/Kopriva/status/687708000195330049 https://twitter.com/lomim_barbike/status/687707053255700481 https://twitter.com/AnastasVangeli/status/687707466092687361 https://twitter.com/kapetan_taki/status/687705656086904832 https://twitter.com/andrej081/status/687653675905495040 https://twitter.com/DossierMartin/status/687704276634890240 https://twitter.com/IsNog00d/status/687702261552824320 https://twitter.com/AnaFiljana/status/687703778368303105 https://twitter.com/RagingDemon1/status/687702596019195904 https://twitter.com/sinisa_goliOtok/status/687552922335469568 https://twitter.com/Ref/status/687701182391926784 https://twitter.com/OdUtre/status/687710377388437504 https://twitter.com/bebishte/status/687707602592116736

Вечерва обраќање и на лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во 20.30 часот во седиштето на СДСМ ќе даде изјава за медиумите, во која се очекува да го изнесе ставот на партијата по обраќањето на премиерот Никола Груевски, а пред утрешната посета на еврокомесарот Јоханес Хан на земјава. Груевски, во своето обраќање до јавноста соопшти дека утре наутро до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски,...

Груевски денеска ќе ја депонира оставката во Собранието

Премиерот Никола Груевски, во синоќешното обраќање до јавноста, соопшти дека денеска наутро до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе ја депонира оставката на функцијата премиер. - Утре до претседателот на Собранието ќе го испратам писмото со оставката на функцијата претседател на Владата, која ќе биде активирана на 100 дена пред изборите. Оваа оставка ја претставува силата на нашето убедување и...

Вечерва обраќање на Груевски до јавноста

Премиерот Никола Груевски, вечерва во 19 часот ќе има обраќање до јавноста. Се очекува во обраќањето Груевски да ја соопшти својата одлука околу оставката на функцијата премиер, како што е предвидено со Договорот од Пржино, а во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 24 април. Денеска е последен ден до кога Груевски треба да поднесе оставка, а утре истекува рокот...

За избори на 24 април, Груевски најдоцна денеска треба да си даде оставка

На 3 јануари премиерот Груевски соопшти дека ќе поднесе оставка пред 15 јануари за да може да се спроведе Договорот од Пржино. „Во согласност со договореното, на 15 јануари ќе се избира нова влада со претседател на владата за спроведување избори. Претходно, секако, ќе дадам оставка, а за тоа кој ќе биде човекот што ќе биде претседател на владата за...

СДСМ купил веб-страница „Збогум Никола“, а МАРНЕТ ја продала на друг

СДСМ регистрирал интернет-страница www.zbogumnikola.com на која се одбројуваат деновите кога премиерот Никола Груевски треба да поднесе оставка, информираше денеска дополнителниот заменик-министер во Министерството за информатичко општество, Александар Кирацовски. Како што кажа Кирацовски, од СДСМ поднеле барање до МАРНЕТ за регистрација на интернет-страницата која требало да се вика „Збогум Никола“. По три часа добиле потврда дека називот, односно доменот, веќе е купен, а...

На Груевски му излета „оставка“, а не „повлекување“

Шест месеци по Договорот од Пржино, премиерот Никола Груевски вчера првпат го употреби терминот „оставка“, која, според договорот, треба да ја поднесе пред 15 јануари, кога треба да биде избрана привремената влада, 100 дена пред изборите во април. Термините што досега ги употребуваше Груевски се менуваа како што се наближува датумот за избор на преодната влада. Прво тој говореше дека...

Груевски потврди – ќе поднесе оставка пред 15 јануари

Премиерот Груевски денеска соопшти дека ќе поднесе оставка пред 15 јануари за да може да се спроведе Договорот од Пржино. - Во согласност со договореното, на 15 јануари ќе се избира нова влада со претседател на владата за спроведување избори. Претходно, секако, ќе дадам оставка, а за тоа кој ќе биде човекот што ќе биде претседател на владата за спроведување на изборите, ќе се...

Ахмети: Груевски ќе си даде оставка на 10 јануари

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за „Алсат М“, рече дека сите столбови од Договорот од Пржино се исполнуваат и дека премиерот Никола Груевски ќе поднесе оставка на 10 јануари следната година. Како што изјави Ахмети, тој не очекува да се одложат изборите во април. - Обврска на сите партии потписнички на Договорот од Пржино е да ги почитуваат обврските...

СДСМ бара итни мерки против загадувањето и оставка од градоначалникот Трајановски

Состојбата со загадувањето на воздухот од ден на ден станува сè поалармантна и позагрижувачка, а ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски редат празни зборови за пред години, обвини СДСМ. „Граѓаните на Македонија буквално се задушуваат од загаден воздух со огромни концентрации на канцерогени честички ПМ10. Подолг временски период граѓаните дишат по 10, па дури и по 20 пати позагаден воздух од дозволеното. Цели...

Антипретседателски протести во Бразил

Илјадници Бразилци излегоа на улиците во повеќе градови во земјата да побараат од конгресот да ја отповика претседателката Дилма Русеф поради корупцискиот скандал на нејзината влада и лошите економски резултати. Протестите се одржаа во десетина градови, вклучувајќи го и главниот град Бразилија и упориштето на опозицијата Сао Паоло, но биле значително помалку масовни од демонстрациите одржани претходно во текот на годината,...

Летонската премиерка поднесе оставка

Премиерката на Летонија, Лајмдота Страујума, утринава најави оставка поради лошите резултати на владата во Рига. Претседателката на владата најави оставка по состанокот со Рајмондс Вејонис, кој оценил дека владата не работи добро. - Го известив претседателот за оставката – рече Страујума. Лајмдота Страујума беше претседателка на владата на Летонија од ноември 2014 година.

Николовски до Спасовски: Или биди министер или биди генерален секретар

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, го праша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој е истовремено и генерален секретар на СДСМ, дали ќе си поднесе оставка на една од двете функции. - Според член 36, став 2 од статутот на СДСМ, функцијата генерален секретар и функција во извршната власт се неспоиви. Кога...

ЛДП: Пред Јанева да почне истрага, Талески да си поднесе оставка

Пред да почне истрагата на специјалното јавно обвинителство, во општина Битола опозициската ЛДП бара градoнaчалникот Владимир Талески да си поднесе оставка. Повикувајќи се на веста дека специјалната обвинителка Катица Јанева ќе почне со работа на првите пет предмети поврзани со „бомбите“, либерал-демократите од Битола сметаат дека останувањето на градоначалникот на чело на локалната самоуправа е неприфатливо. - Вчера, специјалната обвинителка Јанева...

СДСМ бара оставка од Коце Трајановски и нови избори за градоначалник

Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ не работат во интерес на граѓаните и за тоа има само едно решение: оставка на Коце Трајановски и нови избори за градоначалник на Скопје, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и координатор на советничката група на СДСМ и на коалициските партнери во Советот на Град Скопје, на денешната прес-конференција. - Со буџетот за 2016 година, Никола Груевски...

Три оставки во владата на Груевски

Тројца министри од владата на премиерот Никола Груевски денеска поднесоа оставка на своите функции. Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и заменик-министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска, во согласност со Договорот од Пржино денеска до Собранието ги поднеле своите оставки. Собранието на Република Македонија денеска, исто така, ги прими предлогот...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...