fbpx

Премиерот на Северна Ирска си поднесе оставка

-

Премиерот на Северна Ирска, Питер Робинсон, денеска поднесе оставка и ги повлече своите министри од коалициската влада, јавува „Би-Би-Си“.

Лидерот на протестантската Демократска унионистичка партија, претходно најави оставки на министрите од пробританската партија доколку не се одложи седницата на северноирскиот парламент поради наводите дека терористичката организација Ирска републиканска армија (ИРА) и понатаму постои.

Коалициската влада на протестантите и на католиците претставува основа на историскиот мировен договор за Северна Ирска од 1988 година и нејзиниот пад би можел да доведе до враќање на директната британска управа над Северна Ирска.

Политичката криза произлезе од минатомесечното убиство на поранешниот член на Ирската републиканска армија (ИРА), Кевин Мекгиган Постариот во Белфаст, и од процената на полицијата дека членови на ИРА се вмешани во аферата.

Тензиите дополнително се зголемија кога за убиството беше уапсен Боби Стори, истакнат член на Шин Фејн, главната ирска католичка партија. Тој сè уште е во притвор и под истрага.

Британскиот премиер Дејвид Камерон е особено е загрижен поради политичката криза во Северна Ирска, соопшти денеска неговиот портпарол.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...