Ковачевски: Оставка на владата најдоцна до четврток наутро, техничка влада треба да се изгласа до полноќ в недела

Тој појасни дека нема да има потреба од поединечни оставки на министрите, бидејќи со оставката што ќе ја поднесе премиерот Ковачевски, целиот владин кабинет ќе биде во оставка

-

Премиерот и целата влада до четврток претпладне ќе бидат во оставка, што ќе остави законски можности да се изгласа техничката влада во законски предвидениот рок – до пред полноќ в недела, порача денеска претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Тој појасни дека нема да има потреба од поединечни оставки на министрите, бидејќи со оставката што ќе ја поднесе премиерот Ковачевски, целиот владин кабинет ќе биде во оставка.

Освен владата, в четврток оставка треба да поднесе и претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер на Македонија во 100-те дена пред парламентарните избори в мај.

На собраниската седница ќе треба да се избере и нов претседател на Собранието, а тоа ќе биде координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

Изборот на владата на Џафери треба да биде направен викендов, најдоцна до полноќ на 28 јануари.

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Лишен од слобода возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 км/час, дупло од дозволеното

На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар - Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок,...

Путин ги предупреди своите функционери да не дозволат рецесија

Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди своите функционери да се осигурат дека нивните напори за средување на економијата доведена до прегревање поради воените трошоци нема да претерат и да ја доведат...

Македонија набави турски хаубици БОРАН – прва испорака на ваков вид во Европа

Северна Македонија стана првата европска земја што ги добила турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм, соопшти турското Министерство за одбрана, а пренесе militarnyi.com. „Честитки до сите што придонесоа за...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката...