fbpx

Либискиот премиер најави оставка

-

Меѓународно признаениот либискиот премиер, Абдулах ел Тани, ја објави својата ненадејна оставка во телевизиско интервју и најави дека оставката официјално ќе ја достави до парламентот в недела.

За време на разговорот, Ел Тани се најде на удар на критиките на телевизиските гледачи поради неспособноста на владата да им обезбеди основни услови за живот, како што се струјата, крај на несигурноста во зоните под нивна контрола.

– Ако мојата оставка е решение, ја нудам уште тука – изјави премиерот.

Премиерот Ел Тани во мај годинава избегна обид за атентат во градот Тобрук.

Три години по падот на режимот на Муамер Гадафи, Либија има два парламента и две сопарнички влади, едната со седиште во Триполи, под закрила на коалициската милиција Фајр Либија, а другата на истокот, која е и меѓународно признаена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...