Таг: оставка
таг: оставка
Оставка си поднесе и економскиот директор на ФЗОМ
Оставка денеска си подел и и другиот директор на ФЗОМ, Џемали Мехази, објави телевизијата „Алсат М“.
Мехази образложи дека оставката ја дава како чин на морална одговорност во врска со смртта на Тамара Димовска.
Маја Парнаџиева-Змејкова си поднесе оставка: не сум ладен бирократ
Маја Парнаџиева-Змејкова, директорка на Фондот за здравствено осигурување, денеска си поднесе оставка од функцијата. Таа оставката ја образложи дека е од човечки причини.
- Човек сум што сум воспитан да помогам на другите, а не сум ладен бирократ. Денеска објавувам дека од човечки причини решив да се повлечам од функцијата директор на ФЗОМ - изјави Змејкова.
Таа рече дека во нејзината кариера никогаш немала...
Претседателката на Хрватска бара оставка од премиерот
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ побара оставка од премиерот Зоран Милановиќ.
Во соопштението кое е потпишано нејзиниот портпарол, Лука Ѓуриќ, се потсетува дека таа во телефонскиот разговор од 19 февруари најавила испраќање предлог за заедничка седница со Владата поради тешката економска и социјална состојба во земјата.
Од кабинетот на Милановиќ испратија предлог до претседателката нејзините соработници да се подготват „за заедничката седница...
Претседателот на Италија поднесе оставка
Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано поднесе оставка девет години откако стапи на функцијата, соопшти денеска неговиот кабинет.
Наполитано го потпиша писмото за оставка, кое потоа ќе го достави до премиерот Матео Рензи и до претседателите на Сенатот и на Претставничкиот дом на италијанскиот парламент. Тој пред две недели, во новогодишно обраќање до Италијанците, најави дека наскоро ќе поднесе оставка од функцијата...
Министерот за правда Јашари најави оставка ако ДУИ го поддржи грбот
Министерот за правда, Аднан Јашари, се закани дека ќе поднесе оставка на функцијата ако ДУИ го поддржи предлогот за новиот државен грб, објави телевизијата „Алсат М“.
За да се спроведе постапката за менување на државниот грб, Mинистерството за правда треба предлогот да го достави до Собранието на Република Македонија.
Адеми и Ристовски да поднесат оставки или Малчески ќе ги тужи
Ристо Малчески, професор на ФОН, бара министерот за образование, Абдилаќим Адеми, и неговиот заменик, Спиро Ристовски, да си поднесат оставки од функциите. Реакцијата на професорот е поттикната од дописот што Mинистерството за образование го испратило до ФОН со барање да се произнесат за државниот испит. Професорот вели дека оваа власт му направила големи штети на образовниот систем. Во писмото во...
Полицаецот што го застрела момчето црнец поднесе оставка
Дарен Вилсон, полицаецот од Мисури, што уби црн тинејџер, поднесе оставка, а неговиот адокат изјави дека одлуката за заминување од полицијата стапува на сила веднаш.
На 9 август Вилсон го застрела невооруженото 18-годишно момче Мајкл Браун, по што настанаа серија протести во Фергусон.
Протестите минатата недела се проширија и низ 180 градови во САД.
Премиерот на Тајван си поднесе оставка
Откако опозицискиот кандидат Ко Венје победи на локалните избори во Тајпеј, денеска оставка си поднесе премиерот Ѓан Ји-хуа.
Изборите за градоначалник во Тајпеј претставуваат тест за довербата на прокинеската влада на претседателот Ма Јинг-џеу, кој 16 години како претседател на Националистичката партија Куоминтанг владе со главниот град.
Од 1996 година досега, секој претседател на Тајван претходно бил градоначалник на Тајпеј.
Американскиот секретар за одбрана Хејгел даде оставка
Американскиот секретар за одбрана, Чак Хејгел, поднесе оставка под притисок на претседателот на Барак Обама.
Обама, како што наведува „Њујорк тајмс“, уште во петокот донел одлука да побара оставка од својот министер за одбрана, единствениот републиканец во државниот безбедносен тим, по серија состаноци што ги имал во последните две недели.
Одлуката на Обама да го смени Хејгел, претставува „признание“ дека заканата која ја...
„Студентски пленум“: Не побаравме оставка од министерот Адеми
Министерот за образование Абдилаќим Адеми или не го прочитал писмото што му го достави „Студентски пленум“ за екстерното оценување или свесно манипулира, зашто ние никаде не побаравме оставка од него, се вели во соопштението од „Студентски пленум“.
„Ние на последниот пленум дискутиравме за таа изјава на министерот и сме зачудени. Писмото го објавивме со печат и во него се гледа...
Deputeti Goran Mileski kërkojë dorëheqjen e drejtorit te spitalit të Manastirit.
Nënkryetari i PLD-së dhe deputeti, Goran Mileski, kërkuan dorëheqjen e drejtorit të spitalit të Manastirit, Vasil Najdovskit. Milevski konsideron se drejtor i spitalit është përpjekur të fsheh te vërtetën për mungesë të reagensave për hulumtim të gjëndrës tiroide, dhe fajin për gjendjen e rendë të spitalit të Manastirit ja hedhë mjekëve të mjekësisë nukleare....
Брисел: Повици за оставка на новиот претседател на ЕК
Се зголемува притисокот врз новоизбраниот претседател на Европската комисија, Жан Клод Јункер, откако меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари ги откри минатата недела тајните договори кои луксембуршката влада редовно ги склучува со големи меѓународни приватни компании за да им овозможи минимално плаќање данок.
Шемата наречена „такс рулинг“, иако не е нелегална, била чувана во тајност, отворајќи низа морални прашања во јавноста, особено...
Албанска пратеничка поднесе оставка поради вмешаност на нејзиниот син во убиство
Албанската пратеничка Луиза Џувани денеска поднесе оставка, откако полицијата го приведе нејзиниот син поради престрелката во ноќен клуб, во која загинаа четири лица.
Како што соопшти полицијата, пукањето во тиранскиот ноќен клуб „Анте гранд“ почнало по жолчна расправија, во која учествувал и синот на пратеничката од владејачката Социјалистичка партија. Во престрелката се убиени четири лица, а двајца се повредени.
Полицијата...